The sky crawlers е новела во 5 дела на Mori Hiroshi, која Ito Chihiro во 2008 година ја адаптира во анимираната верзија во режија на неверојатниот, прославениот, Oshii Mamoru. Аниме кое дефинитивно не е воено, нити авантуристичко, нити акционо. Аниме кое може единствено да се сврсти во философска расправа и психолошка драма. Сеуште се обидувам да го дешифрирам насловот и единствено ме потсеќа на Тага.
Во една можна верзија на сегашноста на светот, или подобро на Светот од претходната војна, возрасните се забавуваат со војната, во која актерите се Kildren - деца-пилоти, осудени да живеат вечно во својата адолесценција во круг на избор на смртта и повторно будење заради нивните пилотски способности. Децата се деца само во физичка смисла на зборот; во нивните потези, размислувања, сеќавања нема ништо детско. Во тишината меѓу борбите ги гледате нивните возрасни, тажни и празни лице.
Воопшто не е mainstream филм, па оние кои нема да се потрудат да поработат на своите размислувања, нема да ги прочитаат пораките за значењето на војната, животот под секојдневниот притисок на смртта и значењето на сеќавањата. Ова е онаков филм за кој размислувате дури го гледате, и потоа уште размислувате, и уште, и ве држи уште некое време, како deja vu. Чувство што го имате како кога го гледате Blade Runner, или нешто слично. И бидете стрпливи и почекајте до последната секунда на филмот за да си ја надополните само листата на теми за размислување, особено за егото и цинизмот на отаку светот.
Самото аниме е полно со тишина, онаква каква што може да ја исполни само Kawai Kenji, во 2Д сеќавања, и гласни и брзи, 3Д реалистични воздушни пресметки на пилотите ловци. Можеби некому ќе му смета преминот од едноставниот цртеж на ликовите во компјутерски совршено направените воздушни борби. Мене лично ме воодушеви. Зашто „децата“ во тишината, изгледаа како ехо и постојано повторување на реалноста, а борбите, грубо и прецизно ја опишуваа брзината на дејството, адреналинот на летањето, близината на смртта и потрагата по целта на сето ова повторување.
Дефинитивно да се запрашаме што се сеќавањата, а што секојдневната потрага по изненадувањето, што е животот воопшто.
Дефинитивно да се запрашаме што се сеќавањата, а што секојдневната потрага по изненадувањето, што е животот воопшто.
3 коментари:
Мене ми беше невиден фејл , го глеав појше од пола и ич не ми беше забавно за гледање.
Споро дејство ко у француски филм , преполно со тишина и „празни“ моменти .. не знам , веројатно мозокот пребрзо ми работел :))
Затоа јас и ти имаме ниско компатибилити на МАЛ, ај лајк ту кук тингс слоули, ти ставаш павлака во секоја манџа :)))))
Јас додека го гледав филмот бев збунета. Имав сосем поинакви очекувања од трејлерот. Но откако го изгледав уште цел месец ме држеше чувството, сеќавањата и размислувањата за него. Затоа откако ми легнаа импресиите дури и ја сменив оценката на MAL.
И сеуште кога мислам на филмов ме погаѓа тоа чувство, не е тага, туку длабока меланхолија која е од една страна пријатна, а сепак леплива и мрачна.
Објави коментар