Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

28 февруари 2010 г.

Чудните Случаи на Yakushiji Ryōko

Кога првите сцени од она што го гледате се фокусирани слики на женски делови од телото јасно ви е се неколку работи - femme fatal како женско издание на James Bond.


Многу често, на MAL се наоѓаат анимеа со понизок рејтинг од заслужениот: прво, зашто станува збор за постаро аниме; второ, зашто станува збор за аниме кое потешко се наоѓа бидејќи не е во продукција на некоја од големите куќи; трето, веројатно зашто генералниот вкус и глобалните трендови во последно време прават шаблони за успешни наслови, па оние кои се вон шаблоните на крај и не стигнуваат да бидат оценети од доволен број гледачи.


Yakushiji Ryōko no Kaiki Jikenbo или Чудните Случаи на Yakushiji Ryōko е едно од оние чудни анимеа за кои од време на време сакам да пишувам. Ми беше многу интересно и возбудливо да гледам крими романче, во X-files стил, за страшно моќна жена (во секој поглед) и нејзиниот „лакеј“. Анимето се базира на серија кратки новели на Tanaka Yoshiki (кој е оригинален творец на Legend of Galactic Heroes и Tytania) и Kakinouchi Narumi, која зад себе има одлична артистичка референца. Приказната е изградена низ 13 епизоди кои низ 9 чудни случаеви успеваат да развијат бизарна сторија за богатата и генијална наследничка на Агенција за безбедност која работи како инспектор во Tokyo Metropolitan Police. Бизарноста всушност важи за случаевите кое се граничат со паранормалните појави кои Ryōko како да ги привлекува. Епизодите како да немаат врска, се’ до 9-тата епизода, кога главната тема станува самата Ryōko. Се’ на се’ интересен концепт со одличен цртеж, поддржан со свинг background музика, што мене лично ми одеше по ќеиф.
Дури и ликовите се одлични, Ryōko - разгалена, секси, паметна и самоуверена - типична богата наследничка со одврзани раце да прави што сака; Jun'ichiro - нејзиниот соработник, кој таа го третира како личен слуга - верен, чесен, примерен; целокупната лична војска околу Ryōko - нејзините лични француски собарки, нормално, експерти за контрашпијунажа и оружје, соработниците во Полицијата, и накрај нејзиниот archеnemy - Ruriko - бескруполозната, манипулативна „Кралица на Shiba“.

По малку целото аниме го има ефектот на Baccano!, музика, динамика, мноштво на ликови и бизарност, со тоа што мене не ми се допадна приказната како приказна. Иако интересно беше како беше се’ вклопено, од неа не извлеков ништо освен краткотрајна занимација. Само што, понекогаш и тоа е доволно.

19 февруари 2010 г.

Hunger is the best spice


The work which becomes new genre itself will be called... Cowboy Bebop

Како да напишеш било каква критика за нешто што е веќе именувано, фалено и опишувано, прераскажувано, гледано и слушано по милионити пат. Како да пишувам за Cowboy Bebop, ремек делото на Watanabe Shinichiro (овде сум го споменала бар за Michiko to Hatchin), револуционерниот почеток на мешаниот жанр, оригиналот на денешниве бледи, бесмислени копии.  

Кога почнав да го пишувам блогот мислев дека треба да раскажувам за „Големите“, но некако веднаш, уште со Trigun  почнав да пишувам за работите што во моментот ги гледав. Можеби затоа некои од „Големите“ ги нема на блогов, зашто или сум ги гледала претходно, или не сум ги гледала до сега. Знам, јас и мојот не-конформистички став кон она што е "a must see". Верувајте не е таков случајот. Кога сфатив дека го немам гледано анимето (серијалот, бидејќи филмот е меѓу првите анимеа што во животот сум ги гледала), и кога го знаев веќе soundtrack-от на памет, веќе и не беше некоја фама, освен за 2-3ца што ги познавам, што и денес ги чуваат аватарите по messenger-ите. Не само што не беше фама, туку единствена верзија што успеав да ја најдам беше англиската. И само англиската. За жал (или среќа) не ги гледам анимеата на англиски. Иако, наслов како Cowboy Bebop нелогично е да го врзете со Јапонија, ама сепак. Аниме си е аниме. Почекав, стрпливо си чекав до remastered верзија во 700х480 резолуција, со одличен звук и кодинг, и одличен превод. И уживав, два дена нон стоп. Како што одамна не сум уживала. Така да, коментарите, како „/facepalm“, или „кхм, се надевам ова е rewatch“ ги одбивам од старт, како hostile. :) По дефиниција не припаќаат на овој блог :)



И повторно, незнам од каде да почнам. Bebop не е само класика, "must see", или едно од најдобрите анимеа кои сте ги гледале (факт!), во сите големи жанрови на акција, комедија, драма, sci-fi. Bebop е како враќање дома, кон нешто познато, како стара книга која сте ја подзаборавиле, ама секој пат кога ја земате во рака не можете да ја испуштите, како песна која носталгично ве враќа на некое сигурно, препознатливо чувство. Bebop e нешто добро, совршено нормално и разбирливо, возбудливо, драматично и комично истовремено, целосно, прекрасно. Секако, тука е и моментот на расположението на гледачoт, a „yours truly “ во последно време е во mood на меланхолија.  Bebop ми дојде како најубавото колаче, кое го чекате пак да го пробате некаде, и се сеќавате на вкусот и на мирисот, ама едноставно не на рецептот - за конечно да го најдете кога ќе бидете во совршено расположение, десерт совршено припремен, послужен во совршена атмосфера. Можеби претерав сега во емоции, ама тоа е до блузот, оној каубојскиот, што го испратија во вселената со The Soul of the man.

For the Ordinary Julia. The kind of beautiful, dangerous ordinary that you just can't leave alone. 

Like an angel from the underworld. Or a devil from Paradise.

Накратко Cowboy Bebop e телевизиска серија со релативно епизодно дејство, за ловците на награди, Spike Spiegel, бивш војник и агент со мрачно и мистериозно минато и Jet Black, пензиониран полицаец со протетички делови на телото, и нивниот свемирски брод Bebop. Во текот на нивното патување ја среќаваат мистериозната, независна и самоуверена Faye Valentine, cyber-чудото од дете Edward (btw, девојче) и необично интелегентното куче Ein. Откачено друштво кое совршено се вклопува во предводникот на новиот филм ноар -комбинација од space opera, spaghetti western и детективските приказни од 70-тите. Забавна е замислата на светот после Големата Војна, каде се патува не до градови, туку до планети, а цело време го имате чувството дека патувате низ pulp филмовите. Минатото и иднината се потполно измешани со реалноста, музиката и перфектната анимација се постојано надополнувани со инспирации и референци од денешницата, насекаде и од секаде -од филмски дејствија, од наслови на песни, од имиња на ликови и личности.

Значи, стои само фактот дека анимево нема никаква врска со клише, и дури, и изјавата дека е меѓу најдобрите анимеа било кога направени - и таа не е клише. На крај, единствен доказ за тоа дека Cowboy Bebop e меѓу „Големите“ се вашите очи и уши. Моите уживаа во десертот.


See You Space Cowboy...

18 февруари 2010 г.

Random Banter

AAAAAAAAAAAAAAAA (шо би рекол еден мој другар)

Најдобро од се’ се чувствувам кога ќе откријам нешто самата, со гледање, не со читање на некој текст. Едноставно, со гледање. ААААААААААААААААААА!

Мислам, не дека е нешто посебно, но сепак. Помеѓу епизодите на Digital Juice, конкретно на средина, помеѓу 3-та и 4-та анимација, стојат неколку секвенци од Touijn Kit од Genius Party Beyond :))

Ете! 

17 февруари 2010 г.

Каде е границата?


Ken Ishii - EXTRA

Пишував еднаш за него, кога пишував за Dimension Bomb, за генијалецот по име Morimoto Koji, кој стои зад толку добри, откачени и нереални остварувања. Денес беше тој среќен ден посветен на барање на торенти, „кинење“ од YouTube и генерално читање за секое негово дело. И сепак сум далеку од комплетно сфаќање на неговите замисли. Но, барем ми е појасно, кога во неговата биографија го прочитав името на Otomo Katsuhiro, сфатив бар од кого учел.

И имал што да научи. Му била дадена шанса да работи со Otomo, како на асистент главниот аниматор на Akira, и да режира дел од Robot Carnival. Како аниматор, пак, работи на многу проекти како Animatrix: Beyond, Kiki's delivery service, Golgo 13: The Professional, Roujin Z, Lupin III, а со Otomo соработува и после отворањето на сопствено студио.


Noiseman Sound Insect

Studio 4oC го основа во 1986 година, заедно со Tanaka Eiko и аниматорот Sato Yoshiharu, кога пред се’ се фокусира на режирањето (и тоа на се’ почудни и почудни дела), а се’ помалку на анимацијата. Eдинствени негови дела, каде повторно се зафатил со цртање се концертната сцена на Macross Plus (филмот) и неговото речиси комплетно дело Noiseman Sound Insect (кое по мојата лаичка пресметка заслужи 9-ка). Интересно е што во рамките на студиото режира и неколку музички спотови. Клиповите кои ги „наредив“ помеѓу овие редови се само дел-чисто да се одбележи деменцијата/генијалноста на Morimoto-san.

Clip from Animatrix: Beyond

Инаку, неговата кариера опфаќа и продукција на многу различни и покомерцијални анимеа. А моментално, а ANN објави уште во 2005-та, работи на ново дело Sachiko, како прв негов долгометражен анимиран филм. We'll see...

Link до официјалниот сајт [FR] ... и уживајте.