Кога првите сцени од она што го гледате се фокусирани слики на женски делови од телото јасно ви е се неколку работи - femme fatal како женско издание на James Bond.
Многу често, на MAL се наоѓаат анимеа со понизок рејтинг од заслужениот: прво, зашто станува збор за постаро аниме; второ, зашто станува збор за аниме кое потешко се наоѓа бидејќи не е во продукција на некоја од големите куќи; трето, веројатно зашто генералниот вкус и глобалните трендови во последно време прават шаблони за успешни наслови, па оние кои се вон шаблоните на крај и не стигнуваат да бидат оценети од доволен број гледачи.
Yakushiji Ryōko no Kaiki Jikenbo или
Чудните Случаи на Yakushiji Ryōko е едно од оние чудни анимеа за кои од време на време сакам да пишувам. Ми беше многу интересно и возбудливо да гледам крими романче, во X-files стил, за страшно моќна жена (во секој поглед) и нејзиниот „лакеј“. Анимето се базира на серија кратки новели на
Tanaka Yoshiki (кој е оригинален творец на
Legend of Galactic Heroes и
Tytania) и
Kakinouchi Narumi, која зад себе има одлична артистичка референца. Приказната е изградена низ 13 епизоди кои низ 9 чудни случаеви успеваат да развијат бизарна сторија за богатата и генијална наследничка на Агенција за безбедност која работи како инспектор во Tokyo Metropolitan Police. Бизарноста всушност важи за случаевите кое се граничат со паранормалните појави кои Ryōko како да ги привлекува. Епизодите како да немаат врска, се’ до 9-тата епизода, кога главната тема станува самата Ryōko. Се’ на се’ интересен концепт со одличен цртеж, поддржан со свинг background музика, што мене лично ми одеше по ќеиф.
Дури и ликовите се одлични, Ryōko - разгалена, секси, паметна и самоуверена - типична богата наследничка со одврзани раце да прави што сака; Jun'ichiro - нејзиниот соработник, кој таа го третира како личен слуга - верен, чесен, примерен; целокупната лична војска околу Ryōko - нејзините лични француски собарки, нормално, експерти за контрашпијунажа и оружје, соработниците во Полицијата, и накрај нејзиниот archеnemy - Ruriko - бескруполозната, манипулативна „Кралица на Shiba“.
По малку целото аниме го има ефектот на
Baccano!, музика, динамика, мноштво на ликови и бизарност, со тоа што мене не ми се допадна приказната како приказна. Иако интересно беше како беше се’ вклопено, од неа не извлеков ништо освен краткотрајна занимација. Само што, понекогаш и тоа е доволно.
0 коментари:
Објави коментар