17 февруари 2010 г.

Каде е границата?


Ken Ishii - EXTRA

Пишував еднаш за него, кога пишував за Dimension Bomb, за генијалецот по име Morimoto Koji, кој стои зад толку добри, откачени и нереални остварувања. Денес беше тој среќен ден посветен на барање на торенти, „кинење“ од YouTube и генерално читање за секое негово дело. И сепак сум далеку од комплетно сфаќање на неговите замисли. Но, барем ми е појасно, кога во неговата биографија го прочитав името на Otomo Katsuhiro, сфатив бар од кого учел.

И имал што да научи. Му била дадена шанса да работи со Otomo, како на асистент главниот аниматор на Akira, и да режира дел од Robot Carnival. Како аниматор, пак, работи на многу проекти како Animatrix: Beyond, Kiki's delivery service, Golgo 13: The Professional, Roujin Z, Lupin III, а со Otomo соработува и после отворањето на сопствено студио.


Noiseman Sound Insect

Studio 4oC го основа во 1986 година, заедно со Tanaka Eiko и аниматорот Sato Yoshiharu, кога пред се’ се фокусира на режирањето (и тоа на се’ почудни и почудни дела), а се’ помалку на анимацијата. Eдинствени негови дела, каде повторно се зафатил со цртање се концертната сцена на Macross Plus (филмот) и неговото речиси комплетно дело Noiseman Sound Insect (кое по мојата лаичка пресметка заслужи 9-ка). Интересно е што во рамките на студиото режира и неколку музички спотови. Клиповите кои ги „наредив“ помеѓу овие редови се само дел-чисто да се одбележи деменцијата/генијалноста на Morimoto-san.

Clip from Animatrix: Beyond

Инаку, неговата кариера опфаќа и продукција на многу различни и покомерцијални анимеа. А моментално, а ANN објави уште во 2005-та, работи на ново дело Sachiko, како прв негов долгометражен анимиран филм. We'll see...

Link до официјалниот сајт [FR] ... и уживајте.

0 коментари: