"As long as you have your life, you have a future"
Со оглед на сето она што ми се случува во последно време, некако оваа реченица ме натера постов да го посветам на Now & Then, Here & There. Но искрено, немам многу желба да раскажувам, само на кратко ќе ги опишам чувствата што ги заприметив: свет во постојана војна, бесмислен живот без надеж за децата војници и жените-алатки за раѓање на нови војници, свет полн со смрт, без животната радост на водата, живот во постојан притисок дека треба да се следат нечии наредби за терор и насилие, безумиа не еден човек кој својата среќа ја гледа во владеењето со дишењето на другите, и одлучноста на едно дете кое го сака зајдисонцето, водено од борбата да заштити некого нему драг.
Освен едноставниот цртеж, и музика која практично беше безлична, целово аниме е masterpiece, не сум гледала ништо по тажно и поболно, безнадежен круг на насилие и смрт. Такви сме луѓето, себични, не размислуваме за другиот, туку само за сопственото добро, за тоа како ние сами да преживееме. А како ли ќе живееме со грижа на совест, и без место каде да се вратиме? Тоа го раскажуваа децата во анимево. Дека треба да се бориш за она во кое веруваш, дека треба да се издржи до крај за своите идеали.
Не се чувствувам како poljaff во последно време, незнам дали уште ќе пишувам, бар не некое време, посебно што се осеќам дека секое аниме ми дава порака, дека ниедна борба за љубовта не е бесмислена. И осеќам дека секаде ќе се вмешам себеси, и моите осврти би биле премногу под влијание на мојата моментална психичка состојба на несигурност во себеси.
За оние малку што ме читаат, се извинувам, осеќам потреба да се скријам во сопствената куќичка, можеби таму ќе се најдам повторно себеси.

0 коментари:
Објави коментар