


Ова е нешто што го читам/гледам во моментот и дури ми се свежи впечатоците, решив да објавам пост. Приказната е нешто како sci-fi western, авантура, драма, комедија, може да се сврсти и во еден жанр, наречен steampunk (ако не ви се google-a, тоа значи sci-fi, фантазија во времето на парните машини - 18., 19. век, нешто како книгите на H. G. Wells - Time machine, War of the worlds....).
Trigun е приказна за Vash, потполно откачен револверист, кој наводно уништил сам цел еден град, па издадена е потерница по него во вредност од 60 милијарди дупли долари (тамошна валута). Се се одвива на планета која не е Земјата, ама сепак е нешто како Дивиот Запад. И се ќе беше во стилот на "The Good, the Bad, and the Ugly", ако дечково не беше goody-goody, со мото "love and peace", не сака никого да убие, плаче, цивка и се ака од земја цело време. Но, за да биде интересно, уфрлен е sci-fi дел во приказната, со елементи во стилот out of time & out of this world. На крај се се сведува на борбата меѓу доброто и злото, низ прашањата за споствените и туѓите морални кодови, дали и кога да ги предадеме своите вредности, за тоа дали можеме да одземеме друг човечки живот (кој во американските live-action вестерни е практично безвреден)
Засега можам да кажам дека серијалот има аниме во 26 епизоди, од 1998 г.- сосема доволно за раскажување на една приказна, и манга во два дела - 3 оригинални тома од 1995-97, и 15 "максимум" (само заради промената на издавачот на мангата) од 1998-2007.
Јас одлично се забавувам, дефинитивно серијал за одмарање на мислите - чиста забава.

0 коментари:
Објави коментар