5 декември 2007

Претставување

ОК, значи тоа било БЛОГ...
Ете, никогаш не е доцна да научиш нешто. И да допринесеш овој виртуален свет да биде уште побогат со небитни работи. (ха-ха)
Ама како кому. Додека некој е потполно незаинтересиран за глобалната мрежа и сите т.н. небитни работи, некој троши 100ГБ месечно да чита манга стрипови и да гледа аниме цртани. (Фала многу на МТ.нет и новите пакети на МаксАДСЛ што ми го овозможија ова)
Ете тоa е... Што друго да ви кажам - се надевам дека некогаш некој случајно или намерно ќе налета на блог-чево, и ќе ја сподели со мене љубовта кон Јапонија, јапонскиот јазик, а пред се - ЈАПОНСКИТЕ ЦРТАНИ ФИЛМОВИ И СТРИПОВИ!!! (да, точно, јасно и гласно кажувам - зависник од манга и аниме - енд прауд ов ит!! )
А јас ветувам дека се она што ќе успеам да го прочитам или погледнам ќе ви го презентирам овде, можеби ќе се најде понекоја графика, па одвреме-навреме... ќе биде интересно!

Поздрав

0 коментари: