Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

31 март 2010 г.

Small contribution



Overlord ми ја даде честа да го дадам мојот скромен girly коментар на неговиот инаку bad boy's blog ;)

28 март 2010 г.

Of all the lonely people

Овој пат се надоврзувам на муабет што моментално го тераат моите otaku buddies на Skype. За љубовните проблеми на луѓе што се надеваат дека има нешто таму кајшто нема. Според статистиката на Marya-san, тоа се 78.4% од популацијата. Ah, look at all those lonely people. Дури и The Beatles свиреа на оваа проблематика ;) Луѓето СЕ генерално осамени и среќата генерално ја бараат таму каде што ја нема. Па ако треба да замислуваат нешто и да се радуваат на тоа, let them be. Ионака не знаат што точно сакаат, ионака она што мислат дека го сакаат не постои. And they'll end up broken-hearted anyhow ;) Нема ништо лошо во малку фантазирање ако тоа ти ги мрда колцата во главата и те прави да се смешкаш секој ден. :)

Во аниме и манга културата осаменоста и пронаоѓањето на идеалниот партнер се решава многу многу едноставно. Не се замислува, туку се измислува - девојки и момци андроиди, софтверски програми, вонземјани, богови, демони... Или на пример, се сеќавате сигурно, минатата година надалеку и нашироко се коментираше невообичаениот брак со лик од видео игра. И така едноставно се наоѓа некој кој ви одговара :P

Што ме поттикна?  - моментално по препорака ја читам A.I. Love You, and silly me, trying to find a bigger meaning in the story. Или, посебно, silly me, што успеав, а не сум единствена, да најдам толку сличности со толку други манги и анимеа. И не ми е баш битно од каде почна сето ова. Битно не е ретко: Chobits, Ah! my Godess, Elfen Lied, Rozen Maiden, DearS, Zettai Kareshi, Video Girl Ai... just choose (Не ставам линкови, ме мрзи, а и искрено нема потреба). И битно е што генерално овие манги/анимеа спаѓаат во жанрот на ecchi, и редовно се добро оценети. Why? - Па, насловот доволно кажува мислам:)
 

15 март 2010 г.

The Message

Се вратив на анимево после повеќе од година дена, и сеуште незнам што да очекувам. Само знам дека песнава е одна од најдобрите што ги имам слушнато. Дефинитивно за топ 10, бар за оваа година


OP - "Message #9" by Tomoko Tane

14 март 2010 г.

Starwind of the Outlaw Star

Некако така се погоди, во распон од месец дена да довршам две space blues анимеа, кои веројатни и не така случајно се препорака едното за другото. Cowboy Bebop и Оutlaw Star не се ни малку слични освен во тоа што, веројатно во крајот на 90-тите години на минатиот век мешаните стилови во анимеата беа во мода, особено со сеуште силното влијание на space операта кај фановите.

За разлика од Bebop кој е сериозен кандидат за едно од најдобрите анимеа на сите времиња, Outlaw Star e само 26-епизодна shounen забава. Она што е „добро“ во анимето е комплетноста на забавата. Ликовите се одлично стереотипно поставени и добро развиени - Gene Starwind, „фраер“ пилот на сопствен вселенски брод со физички и емоционални лузни, Jim Hawkins (нормално името на главниот јунак на Treasure Island, аналогно со „учеството“ на свемирските пирати), малиот sci-fi генијалец, Melfina, андроидот со решение до центарот и знаењата на универзумот и нивните две повремени сопатнички, дивата жена-мачка Aisha и осветољубивата ронин Suzuka. Хуморот е секако составен дел од анимево, од основните дофрлања и алузии, до ecchi сцените и коментарите.


Линијата на приказната ја има, започнува и завршува, со интересен концепт на раскажување или подобро објаснување на делови од неа со почетокот на секоја епизода. После некое време, анимето преоѓа во епизодно решавање на проблеми и трки и борби низ свемирот. Во позадина стои приказната за потрагата што пред скоро цел век ја почна Wizard of Oz. Melfina се бара себеси и патот до дома, лудиот професор Gwen Khan ги бара сите мистерии на Универзумот, Harry MacDougall е во очајничка трка по љубовта на Melfina, а 7-те главни пирати, Тао мајстори, се желни за моќ поголема од Универзумот. Неможе да се сврсти во сериозна, и покрај тоа што митската The Galactic Leyline изгледа како Rama на Arthur C. Clark, пред се’, поради тоа што физичките закони не важат во поглед на свемирското патување (а верувајте, ќе најдете анимеа физички прецизни). 


Мене лично ми се допаднаа сите ефекти на акционите сцени на вселенска борба и епските слики на ѕвезденото небо, но без детали на ликовите и без многу различни емоции. Иако цртежот припаѓа на крајот на ’90-тите, што не е веоопшто одбивно, многу лош впечаток добив од тоа што ликот на Gene понекогаш е толку различен во анфас во различни епизоди, што единствено се поклопуваат неговите, лузни, тетоважи и бушавата црвена коса. 

Едно нешто што е толку блиску за двете анимеа е blues музиката, која и овде е во позадина на донекаде емотивните сцени. За жал, не е Kanno Yoko, ама сепак е доволна добра за вака забавно аниме. 

12 март 2010 г.

Fooly Cooly

Newk пишуваше за анимево на Japan@mk уште пред две години. Мене од тогаш ми требаше два пати да го гледам. Еднаш, кога листата на гледани анимеа ми беше мала и критичкото око, или подобро, вкусот не така истенчен. Втор пат, кога сум спремна самата да напишам неколку редови осврт. Кога човек ќе се изнагледа доволно деменција во анимеата, high-paced и нема да му биде толку high-paced, a лудилото нема да му биде толку лудо, и сите ефекти врз сите сетила истовремено ќе ги апсорбира нормално. Веројатно затоа и впечатокот е различен овој пат. Како кога ќе ја прочитате Малиот Принц еднаш како дете, а друг пат како возрасен. 


Furi Curi /FLCL / Fooly Cooly е, морам да признаам, една од најдобрите приказни за растењето и созревањето која сум ја погледнала. Не само затоа што ги бомбардира вашите сетила комплетно: со постојана позадинска јапонска поп-рок музика, со агресивен цртеж кој шара низ стилови на манга и аниме, со постојани акциони сцени, брзо темпо и потполно неконвенционални карактери. Сите тие елементи одлично го вклопуваат концептот на апстрактно дизајнирано аниме за надминувањето на детските погледи на светот. Како да се вклопиш во светот? Кое е твоето место? Што значи твојата приказна за сите други? И кој е патот кој треба да го одиш? 


Naota е шестооделенец, кој се труди да порасне, или бар да глуми дека е возрасен, по пример на постариот брат, безбол играч во САД; дури го заменува, несвесно, во дружењето со девојката на постариот брат, депресивната Mamimi. Се’ додека еден ден не ја има таа „среќа“ да ја сретне Haruko како своевидно вонземско, безгранично откачено и потполно погрешно олицетворение на Mary Poppins. Haruko, на Vespa и со плав Rickenbacker, давајќи му вештачко дишење, и удирајќи го по глава со гитарата, успева да го вмеша Naota во борбата со Medical Machina, индустрискиот гигант и Commander Amareo... И овде ќе застанам зашто приказната станува... чудна.

The town is completely covered in white mist. You can't see the sky or the stars. It's like nothing exist outside of this town..."You have no choice but to stay where you are." It's like the right hand of a prison warden giving the signal for an execution.

Низ бизарни случки и лудилото во кое ќе го внесе Haruko, намерно или ненамерно, Naota / Takkun, а и неговите пријатели, ќе научат дека некои работи не се контролираат, во случајот растењето и се’ околу него. Подобро да не се трудиш да ги чуваш чувствата затворени, ниту да се трудиш премногу да замавнуваш со палката или да чкрипиш на гитарата или да си ја кршиш главата. Зашто на крај нема многу да го промениме светот. Само светот може да не’ промени нас. 


Од друга страна, авторите се искусни членови на аниме индустријата, Tsurumaki Kazuya, Otsuka Masahiko, Saeki Shouji и Takeshi Andо. Можеби оттаму чувството дека сум ја гледала приказнава за растењето што на многу поинаков начин ја доловува Neon Genesis Evangelion или анимацијата која неколку години подоцна ја среќаваме во Gunbuster или Tengen Toppa Gurren Lagann. Иако, мене ме потсети и на новата OVA Cencoroll, по ефектите на излегувањето на бизарни роботи/суштества од деловите на телото и борбите со нив. Сепак, аниме кое црпи доволно инспирациi, а нуди уште повеќе за некои идни генерации. 

4 март 2010 г.

Зората на Црвената Планета

Кога ќе ги споите приказните за Robin Hood и 20.000 милји под морето, со mecha и shounen аниме добивате забавно доживување како што е Mars Daybreak. Анимето е доволно да ве забавува неколку дена, без да ви се здосади, зашто како за секој типичен  претставник на овој жанр, содржи од се’ помалку - добри акциони сцени на подводни борби, интересни ликови на бескруполозни и силни негативци, приказна поддржана со авантура, и по малку љубов и драма.

Веројатно мене лично ќе ми беше и потпросечно, ама за моја среќа, на анимево работела екипа на продукциската куќа Bones и дел од творците на некои од моите омилени анимеа. Режисерот Mori Kunihiro работел на неколку Gundam-и и на Samurai Champloo, Ousaka Koji, кој е творецот на карактерите, работел на Wolf's Rain и FMA, Mizuhata Kenji, кој е дизајнер на mecha-та работел на Eureka 7, Xam'd, Macross и RahXephon, а епската позадинска музика е на Wada Kaoru, кој е творец на музиката на Inuyasha, Samurai 7 и D.Gray-man. Многу различни луѓе работеле на многу различни елементи, особено на сценариото и на анимацијата, па оттука анимето делува малку некохерентно. 


Приказната е едноставна, тече во еден правец без многу осцилации, дигресии и дивергенции >> Животот на сега веќе потполно поплавениот Марс е тежок, особено за сирачињата на градовите-бродови како што е Adena. Gram River случајно „заглавува“ со пиратскиот брод Aurora, кој како герила се бори против доминацијата на војската од Земјата врз немилитантниот Марс. Пиратите покрај тоа што постојано бегаат од војската, нормално, го бараат големото богатство на Марс. Така започнува авантурата на Gram, кој во потрага за подобар живот, го наоѓа и големото значење на љубовта.

Екипажот на бродот, т.е. подморницата е составен од најразлични ликови, поддржани од делфинот и мачката кои се движат и зборуваат со помош на техника, се разбира, како и од цела армија роботизирани механичари - „BALLS“ (точно, топки со ножиња, кои пак, се разбира, зборуваат). Непријателите се состојат во 1. администрацијата на Марс, лигава политичарка и нејзиниот асистент, 2. војската на Земјата, со доминантни mecha, бродови и оружја, 3. богатите бизнисмени од Земјата кои бескруполозно ги искористуваат ресурсите на Марс, и секако 4. „конкурентни“ пирати, кои се’ работат за пари. И кога ќе сфатите дека се соочувате со некои 200 ликови, од кои можеби два се интересни, а другите не се ништо друго освен жива позадина за неколкуте главни - бар за мене - тоа е just fine. 


Она што според мене вредеше за да се спомене анимето, е тоа што некако како да беше тест за нешто поголемо, како што се Eureka и Bounen no Xamdou. O, да, и заради негативецот со наочари, каков што е Kubernes и неговата mecha - сирена. And so... I like it - just fine.