Овој пат се надоврзувам на муабет што моментално го тераат моите otaku buddies на Skype. За љубовните проблеми на луѓе што се надеваат дека има нешто таму кајшто нема. Според статистиката на Marya-san, тоа се 78.4% од популацијата. Ah, look at all those lonely people. Дури и The Beatles свиреа на оваа проблематика ;) Луѓето СЕ генерално осамени и среќата генерално ја бараат таму каде што ја нема. Па ако треба да замислуваат нешто и да се радуваат на тоа, let them be. Ионака не знаат што точно сакаат, ионака она што мислат дека го сакаат не постои. And they'll end up broken-hearted anyhow ;) Нема ништо лошо во малку фантазирање ако тоа ти ги мрда колцата во главата и те прави да се смешкаш секој ден. :)
Во аниме и манга културата осаменоста и пронаоѓањето на идеалниот партнер се решава многу многу едноставно. Не се замислува, туку се измислува - девојки и момци андроиди, софтверски програми, вонземјани, богови, демони... Или на пример, се сеќавате сигурно, минатата година надалеку и нашироко се коментираше невообичаениот брак со лик од видео игра. И така едноставно се наоѓа некој кој ви одговара :P
Што ме поттикна? - моментално по препорака ја читам A.I. Love You, and silly me, trying to find a bigger meaning in the story. Или, посебно, silly me, што успеав, а не сум единствена, да најдам толку сличности со толку други манги и анимеа. И не ми е баш битно од каде почна сето ова. Битно не е ретко: Chobits, Ah! my Godess, Elfen Lied, Rozen Maiden, DearS, Zettai Kareshi, Video Girl Ai... just choose (Не ставам линкови, ме мрзи, а и искрено нема потреба). И битно е што генерално овие манги/анимеа спаѓаат во жанрот на ecchi, и редовно се добро оценети. Why? - Па, насловот доволно кажува мислам:)
0 коментари:
Објави коментар