Некако така се погоди, во распон од месец дена да довршам две space blues анимеа, кои веројатни и не така случајно се препорака едното за другото. Cowboy Bebop и Оutlaw Star не се ни малку слични освен во тоа што, веројатно во крајот на 90-тите години на минатиот век мешаните стилови во анимеата беа во мода, особено со сеуште силното влијание на space операта кај фановите.
За разлика од Bebop кој е сериозен кандидат за едно од најдобрите анимеа на сите времиња, Outlaw Star e само 26-епизодна shounen забава. Она што е „добро“ во анимето е комплетноста на забавата. Ликовите се одлично стереотипно поставени и добро развиени - Gene Starwind, „фраер“ пилот на сопствен вселенски брод со физички и емоционални лузни, Jim Hawkins (нормално името на главниот јунак на Treasure Island, аналогно со „учеството“ на свемирските пирати), малиот sci-fi генијалец, Melfina, андроидот со решение до центарот и знаењата на универзумот и нивните две повремени сопатнички, дивата жена-мачка Aisha и осветољубивата ронин Suzuka. Хуморот е секако составен дел од анимево, од основните дофрлања и алузии, до ecchi сцените и коментарите.
Линијата на приказната ја има, започнува и завршува, со интересен концепт на раскажување или подобро објаснување на делови од неа со почетокот на секоја епизода. После некое време, анимето преоѓа во епизодно решавање на проблеми и трки и борби низ свемирот. Во позадина стои приказната за потрагата што пред скоро цел век ја почна Wizard of Oz. Melfina се бара себеси и патот до дома, лудиот професор Gwen Khan ги бара сите мистерии на Универзумот, Harry MacDougall е во очајничка трка по љубовта на Melfina, а 7-те главни пирати, Тао мајстори, се желни за моќ поголема од Универзумот. Неможе да се сврсти во сериозна, и покрај тоа што митската The Galactic Leyline изгледа како Rama на Arthur C. Clark, пред се’, поради тоа што физичките закони не важат во поглед на свемирското патување (а верувајте, ќе најдете анимеа физички прецизни).
Мене лично ми се допаднаа сите ефекти на акционите сцени на вселенска борба и епските слики на ѕвезденото небо, но без детали на ликовите и без многу различни емоции. Иако цртежот припаѓа на крајот на ’90-тите, што не е веоопшто одбивно, многу лош впечаток добив од тоа што ликот на Gene понекогаш е толку различен во анфас во различни епизоди, што единствено се поклопуваат неговите, лузни, тетоважи и бушавата црвена коса.
Едно нешто што е толку блиску за двете анимеа е blues музиката, која и овде е во позадина на донекаде емотивните сцени. За жал, не е Kanno Yoko, ама сепак е доволна добра за вака забавно аниме.
1 коментари:
Ај баш ќе го ѕирнам . Пошто сум у mindless watch mood , ми треба некој „лесен“ шонен.
Објави коментар