4 март 2010 г.

Зората на Црвената Планета

Кога ќе ги споите приказните за Robin Hood и 20.000 милји под морето, со mecha и shounen аниме добивате забавно доживување како што е Mars Daybreak. Анимето е доволно да ве забавува неколку дена, без да ви се здосади, зашто како за секој типичен  претставник на овој жанр, содржи од се’ помалку - добри акциони сцени на подводни борби, интересни ликови на бескруполозни и силни негативци, приказна поддржана со авантура, и по малку љубов и драма.

Веројатно мене лично ќе ми беше и потпросечно, ама за моја среќа, на анимево работела екипа на продукциската куќа Bones и дел од творците на некои од моите омилени анимеа. Режисерот Mori Kunihiro работел на неколку Gundam-и и на Samurai Champloo, Ousaka Koji, кој е творецот на карактерите, работел на Wolf's Rain и FMA, Mizuhata Kenji, кој е дизајнер на mecha-та работел на Eureka 7, Xam'd, Macross и RahXephon, а епската позадинска музика е на Wada Kaoru, кој е творец на музиката на Inuyasha, Samurai 7 и D.Gray-man. Многу различни луѓе работеле на многу различни елементи, особено на сценариото и на анимацијата, па оттука анимето делува малку некохерентно. 


Приказната е едноставна, тече во еден правец без многу осцилации, дигресии и дивергенции >> Животот на сега веќе потполно поплавениот Марс е тежок, особено за сирачињата на градовите-бродови како што е Adena. Gram River случајно „заглавува“ со пиратскиот брод Aurora, кој како герила се бори против доминацијата на војската од Земјата врз немилитантниот Марс. Пиратите покрај тоа што постојано бегаат од војската, нормално, го бараат големото богатство на Марс. Така започнува авантурата на Gram, кој во потрага за подобар живот, го наоѓа и големото значење на љубовта.

Екипажот на бродот, т.е. подморницата е составен од најразлични ликови, поддржани од делфинот и мачката кои се движат и зборуваат со помош на техника, се разбира, како и од цела армија роботизирани механичари - „BALLS“ (точно, топки со ножиња, кои пак, се разбира, зборуваат). Непријателите се состојат во 1. администрацијата на Марс, лигава политичарка и нејзиниот асистент, 2. војската на Земјата, со доминантни mecha, бродови и оружја, 3. богатите бизнисмени од Земјата кои бескруполозно ги искористуваат ресурсите на Марс, и секако 4. „конкурентни“ пирати, кои се’ работат за пари. И кога ќе сфатите дека се соочувате со некои 200 ликови, од кои можеби два се интересни, а другите не се ништо друго освен жива позадина за неколкуте главни - бар за мене - тоа е just fine. 


Она што според мене вредеше за да се спомене анимето, е тоа што некако како да беше тест за нешто поголемо, како што се Eureka и Bounen no Xamdou. O, да, и заради негативецот со наочари, каков што е Kubernes и неговата mecha - сирена. And so... I like it - just fine.

1 коментари:

Сеа почнав да го гледам . Ептен кул почеток има. Надпросечно.
Нешто ко Black Lagoon само со по-тинејџ ликови.

А можда едноставно одамна неам глеано аниме :)