Newk пишуваше за анимево на Japan@mk уште пред две години. Мене од тогаш ми требаше два пати да го гледам. Еднаш, кога листата на гледани анимеа ми беше мала и критичкото око, или подобро, вкусот не така истенчен. Втор пат, кога сум спремна самата да напишам неколку редови осврт. Кога човек ќе се изнагледа доволно деменција во анимеата, high-paced и нема да му биде толку high-paced, a лудилото нема да му биде толку лудо, и сите ефекти врз сите сетила истовремено ќе ги апсорбира нормално. Веројатно затоа и впечатокот е различен овој пат. Како кога ќе ја прочитате Малиот Принц еднаш како дете, а друг пат како возрасен.
Furi Curi /FLCL / Fooly Cooly е, морам да признаам, една од најдобрите приказни за растењето и созревањето која сум ја погледнала. Не само затоа што ги бомбардира вашите сетила комплетно: со постојана позадинска јапонска поп-рок музика, со агресивен цртеж кој шара низ стилови на манга и аниме, со постојани акциони сцени, брзо темпо и потполно неконвенционални карактери. Сите тие елементи одлично го вклопуваат концептот на апстрактно дизајнирано аниме за надминувањето на детските погледи на светот. Како да се вклопиш во светот? Кое е твоето место? Што значи твојата приказна за сите други? И кој е патот кој треба да го одиш?
The town is completely covered in white mist. You can't see the sky or the stars. It's like nothing exist outside of this town..."You have no choice but to stay where you are." It's like the right hand of a prison warden giving the signal for an execution.
Низ бизарни случки и лудилото во кое ќе го внесе Haruko, намерно или ненамерно, Naota / Takkun, а и неговите пријатели, ќе научат дека некои работи не се контролираат, во случајот растењето и се’ околу него. Подобро да не се трудиш да ги чуваш чувствата затворени, ниту да се трудиш премногу да замавнуваш со палката или да чкрипиш на гитарата или да си ја кршиш главата. Зашто на крај нема многу да го промениме светот. Само светот може да не’ промени нас.
0 коментари:
Објави коментар