Па, да, Дечко, во право си - the beginning of it all - xXxHoLic. Пред Natsume Yuujinchou, пред Mushishi, пред Bakenomogatari. Дури и кога ќе погледнете suggestions на MAL, тука се сите во еден кош. Иако се различни по раскажување, атмосфера, позадинска приказна и ликови, сепак...
Лично, им се восхитувам на Јапонците, бидејќи верувам дека со тие „детски хорор“ приказни што ги раскажуваат сеуште се држат за традиционалните вредности и влијанието што фолклорот сеуште го има врз начинот на размислување, па дури и така да го наречам, храбриот став што Јапонците го заземаат кон животот.
Можеби токму во xXxHOLiC тоа е најнагласено - дека не постојат случајности, се’ е припишано на судбината, неизбежноста да се случи нешто денес, за да може да се случи нешто друго во иднина. Па затоа Yuuko, Вештицата на Димензиите, ви исполнува желби, но за возврат бара од вас нешто ваше драго и скапоцено, кое не некој чуден начин во некој иден настан си го наоѓа своето место во рацете на друг сопственик. Чудна замисла на светот и Универзумот. Чудно и симпатично раскажан преку егзотеричната или мистично егзотичната Yuuko. Всушност, одличен пример на секоја девојка, и покрај хедонистичката склоност кон сакето.
Серијалот започнува кога Watanuki случајно ќе налета на нејзиниот дуќан за исполнување желби, со надеж дека ќе најде спас од духовите кои постојано ги гледа и го пратат секој чекор. Yuuko за возврат од него бара да ги работи секојдневните задачи во нејзиното домаќинство. И пропратно, случајно или не, Watanuki и неговиот соученик и подоцна заштитник Doumeki стануваат вклучени во сите барања и желби на посетителите на дуќанот на Yuuko. По пат во приказната се вклучени Himawari-chan, „љубовта“ на Watanuki, срамежливата Zashiki-warashi и нејзините мали компаниони на летечки бордови - Tengu и заштитнички настроената Ame-warashi, The Pipe Fox или Kudakitsune, лисицата со девет опашки, која повторно е тука да го штити Watanuki, „бездушните“ куклички Maru & Moro и нормално, неразделно поврзана за Yuuko, црната Mokona Modoki. И не знаете што е посимпатично - внимателно избраните карактеристики на ликовите и нивната улога во целосната приказна, едноставниот цртеж со ликовите со екстремно долги екстремитети, што мене лично ме освои, или самиот тек на приказните и поуките во секоја епизода, реалните проблеми раскажани низ духот на јапонскиот фолклор.
Приказната не заврши по краткиот филм Manatsu no Yoru no Yume (односно Midsummernight's dream) , кој намерно излезе паралелно со The princess and the birdcage, филмот на Tsubasa Chronicles. Продолжи со една сезона од 24 епизоди верна на мангата која сеуште е во тек, па излезе дополнителна сезона со наставка Kei од 13 епизоди, која подетално обработуваше некои ликови во мангата, па за на крај да се дополни и со Shunmuki, дводелно ОВА, која излезе паралелно со Tsubasa Chronicles: Shunraiki. Нормално, кога станува збор за CLAMP, незамисливо е некоја приказна да стои самостојно, а особено што Tsubasa Chronicles е миксот и некако врвот на сите претходни приказни, па следствено нормално е нејзините ликови да се вмешани и во оваа приказна. Всушност, патешествието на ликовите на Tsubasa започнува со помош на Yuuko. Па некако логично беше Shunmuki и Shunraiki да излезат заедно и некако да ја дообјаснат приказната за Syaoran и Sakura низ улогата на Yuuko, а особено на Watanuki. За среќа приказната не завршува тука, мангата продолжува да излегува, растејќи и зреејќи, а веќе е најавена и нова ОВА, се надевам за во блиска иднина.
Од (не)обична приказна за духовниот свет, xXxHoLiC прераснува во прекрасна приказна за сонот и она што стои позади границите на „реалниот“ свет, после животот и смртта низ оригинална артистичка визија. И јас сум цврсто убедена дека покрај мојата лична фасцинација од јапонскиот фолклор, xXxHoLiC е a-must-see, за било кој, поради целокупната вредност што ја има во аниме светот.
Белешка на авторот: screenshot-овите следат за кратко време

2 коментари:
Само ќе се согласам со твојот заклучок , even more , ќе тепам кој не го глеал :))
Mangata zavrsi. Iako moze da se kaze deka e daleku od konecen kraj, barem koga zboruvame za svetot na Clamp ;). Vo iscekuvanje na poslednoto xxxHolic OAD i official guidebook koe se nadevam ke objasni nekoi prasanja vo vrska so "zavrsetokot". I ponatamu ostanuva my favorite ^_^
Објави коментар