2 септември 2009 г.

Quick Mental note

Како непореклив факт за мене - horror is a definitive no-no: it gives me bad dreams.


Тогаш зошто сум воодушевена од целиот оној скриен свет на јапонската митологија, и сите оние ghost stories во јапонските аниме? И зошто, аниме како Bakemonogatari ми е fav за годинава (досега)?
Да наведам само „неколку“ причини:
  • интересниот начин на раскажување, од типот на Sayonara Zetsubou Sensei ( иако не би сакала воопшто да ги споредувам)
  • анализата на секоја од приказните, сложените врски со опседнатоста, опседнатиот, опседнуваните, причините, поводите и спасението
  • вклопувањето на секојдневието, проблемите на денешницата и социјалните односи во секоја чудовишна приказна или урбана легенда
  • карактерите / личностите и нивната улога во приказната, и светот воопшто
  • оштриот цртеж со бледи контури и неверојатни анимирани кадри (прекрасниот оригинален уметнички израз)
  • фантастичните гласови на актерите, не само заради одличните актери, туку комплетниот casting и распоредот на улоги, одлично вклопен
  • сите оние „нови“ OP & ED themes во зависност од приказната која се раскажува, одлична музика и одлична свежа анимација

Заслужен рејтинг R-17+ , не само поради profanities and violеnce, туку и заради социјалниот и менталниот развој на гледачите.

Се заљубив... неверојатно возбудливо, mentally challenging for a change (in a positive way), и нешто за кое јас лично, едвај ја чекам следната епизода.

1 коментари:

Ќе го погледнам баш ...
Пошо моментален врв на пренесување на јапанска митологија/суеверие во аниме ми е Екс-Холик, со мање-више комични моменти.

Али пошо си кривецот за мојот контакт со начинот на раскажување у Зетсубо , ќе го ѕирнам дефинитивно серијалчево.