29 август 2009 г.

Социјални предвидувања - ttly random stuff

Следствено на моето расположение...и фактот што многу гледам аниме, па на памет ми дојде следново. Што ли е со Јапонците и предвидувањата? Што е тоа што ги тера да фантазираат во стилот на Жил Верн? Зошто сите овие приказни со технички, општествени, социјални предвидувања за иднината? Не само на база на искуствата од минатото или познавањата на меѓучовечките односи. Не зборувам за оние моментално нереални приказни за други и паралелни светови, за измислени држави и светови, за вонземјани и џиновски роботи. Ниту зборувам за развојот на случувањата во приказната како варијанта. Зборувам за (црните) мисли на Јапонските манга и аниме автори за тоа каде води светот, односно која е иднината на Јапонија конкретно. Страв ли е, или желба?

  • Selecao шаховските игри во Higashi no Eden, претпоставките како ќе реагира светот на вашите акции, како ќе реагираат вашите соперници, и вие самите, како ќе го спасите. Или претпоставките за социјалната иднина на младите, NEET-овци, cyber генијалци, „социјални зомбија“. Претпоставките за најблиската иднина, за утрешниот ден.

  • The Book of Prophecies во 20 Century boys, комплетната детска фантазија во една книга: како да владее и како да се спаси светот, колку да се верува во пропишаните норми за она што е правилно и добро, и колку е Вистина вистината на победникот. ESP предвидувања кои гледаат 50 години нанапред во политичкото уредување на светот.

  • Комплетната замисла на Shangri-la: Трендовите на денешницата, екстремно декадентно развиени - карбон валута и ограничување на потрошувачката на CO2, транссексуализам како секојдневие (важејќи за двата пола), деца со натпросечна интелегенција кои владеат со светските берзи преку неверојатни хакерски вештини... една варијанта на тоа како би можел да изгледа светот после повеќе од пола век.

  • Велам, моето расположение... бидејќи еден аниме зависник од забава, не би размислувал толку конкретно за еден небитен детал.

    2 коментари:

    Супер прашање ..
    Може и да ја зачинат кашата утописко/дистописките моменти во Код Геас,Appleseed и слични , како и бројните серијали со премиса "What if .." (Death note на пр.)

    Мене како најплаузабилен одговор ми е тоа што човековата суштина го бара/ја интригира она што го нема , а бидејќи јапонциве се all work and no meaning , смислата си ја бараат/проицираат у аниме/манга.

    Најдобро ми е тоа што, овие анимеа/манги се со рејтинг PG-13 / R-17+, значи не се само со поента за забава - бар јас мислам дека тоа го дефинира рејтингот со опција дека има нешто и за размислување во приказната <- работи што помладите нема да ги разберат, а не само дека лошо би влијаеле на нив.

    Барем мене лично ме тераат на размислување дека секоја од тие варијанти за иднина е plausible. И покрај прашањето what if, ми стои и она помалку предвидувачкото in the year... and so on, and so on - како да не е повеќе прашање на дали ќе се случило, туку кога.
    Кога чепкав по сајтови за social predictions... можеш да замислиш што се’ се става како тема на тие сајтови... навистина сме предвидливи ние луѓето и нашето општество(заклучок дури и во "impossible" setting како Bokurano)