Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

6 јули 2009 г.

Astro G-man

Како продолжение на претходниот пост, уште еден дел од "Amazing Nuts!" е и ова промо/демо видео за аниме на Nakayama Daisuke, кое би требало да биде долгометражен филм во CG изработка со 2Д рендер. Помалку вестернизирано, помалку диво, со повеќе хип-хоп музика и налик на музичко видео за песна на Gorillaz - навистина личи на промотивен спот, но искрено, ми фаќа окото. Едноставно, оригинално a-must-see според мене.

Kung Fu Girl

Со момците од Studio 40 не сте сигурни што ќе добиете, но едно е сигурно - ќе гледате нешто саркастично, откачено и потполно воодушевувачки. Не е ни чудо што нивната колекција на кратки анимирани филмови го носи името "Amazing Nuts!"

Kung Fu Love првовремено беше промотивно видео, демо верзија на аниме кое требаше да биде серијализирано. Оваа верзија раскажува за девојката која стои спроти светот - буквално и нејзините причини и поводи. И нормално, покрај откачената приказна, воодушевува и цртежот и анимацијата, во режија на очигледно талентираниот Yasuhiro Aoki


Искрено, би била среќна да гледам подолга верзија од спотчево, ама и ова ми беше доволно за добро утро :)

5 јули 2009 г.

Crossed destinies part 2

Всушност, незнам со што да почнам попрво, со X или со Shunraiki и Shunmuki, посебно што за xxxHolic не сум пишувала на блогов. Па ајде тогаш за X.

Искрено, гледав се’ што најдов за X, најпрво ОВА-та, која повеќе ми изгледаше како промотивно пол-часовно видео, потоа серијата од 24 епизоди и на крај филмуваната верзија на мангата. Дури си дозволив да си ги проверам своите моќи на критичар па напишав и review на MAL ^^.

X е уште едно дело на CLAMP, чии ликови се појавуваат и во нивни други серии, дури и одредени елементи како пердувите во Tsubasa, бариерите на заштита во Chobits и сл.
Приказната е за крајот на Милениумот, кога доаѓа Армагедонот, Судниот Ден, и избраниот од Бога, Камуи, треба да одлучи за иднината на светот - дали ќе го уништи постоечкиот или ќе го заштити. Помалку мешавина на христијанството, дуализмот и теоријата дека целата земја е жив организам, накрај може да се опише како апокалиптична фантастична трагедија.


Приказната е (не)стандардна, за вечната борба на доброто и злото, и како таа борба не е црно-бела верзија, туку зад секоја страна стои „the greater good“ причина.
Мангата, за жал, не е завршена, откажана е заради големото насилство во неа, сцени на крв и убиство и приказна за крајот на светот. Анимето пак има малку посветла страна, што се избегнати крвавите сцени, иако насилството е малку потешко да се избегне. Иако започнува релативно мирно, со единствено нејасен, но очигледен личен конфликт меѓу Kamui и Fuuma, веднаш продолжува со сцени на смрт и притисок за избор на страната на уништување или заштита. A изборот навистина не е очигледен, секој од ликовите си има причина зошто е дел од Змејовите од Земјата или Змејовите од Небото. И тоа одлично се раскажува, пополека низ меѓусебните средби и конфликти на ликовите.

И ликовите од своја страна се одлично обработени, пресвртите и предавствата и менувањето на страните само зборуваат повеќе за тоа колку е морално тешко да се избери правилно, колку се големи жртвите што секој ги прави за спас на некој близок, колку работите едноствно се некаде помеѓу белото и црното. Ви станува јасно дека секој лик е посебен, не само поради очигледната физичка разлика и стилот на борба, туку поради нивните позадински причини, а тоа успешно е растегнато и раскажано низ сите епизоди.
Филмот пак со цел да раскаже приказна во час и половина, потполно поинаку ги води настаните и за жал, ако го гледате независно, практично нема да ви биде ништо јасно. Особено тагувам по фактот што не успеале воопто да ги доловат ликовите, а приказната води кон друга цел и поинакво финале. И тука некако јасно станува зошто не е завршена мангата. Како премногу да размислувале што, како, кој, кого, кому, кога.... прашаа има безброј.

Сепак, на крај, малку повеќе ми се разјасни приказната за Tsubasa Reservoir Chronicles, барем што се однесува на односот Kamui/Fuuma и Subaru/Seishiiro, и зошто во Tokyo Revelations би ги претставиле Kamui и Subaru како вампирите близнаци, a харизматичните браќа Fuuma и Seishiiro вечно во потрага по нив. Искрено, ги засакав уште малку повеќе, особено, мене сеуште омилениот пар Sorata и Arashi.

27 јуни 2009 г.

Microbe party everywhere


OP Theme: Sarasa Ifu - Curriculum

Quirky! Совршен збор за опишување на ова аниме. Како ли го замислил некој? Просто неверојатно :)) Доколку сте љубители на нешто потполно невообичаено, откачено и незамисливо во позитивна смисла, дефинитивно Moyashimon е предлог од мене.
Анимево е адаптација на манга која се издава од 2004 година, со голем успех и наградувана со Гранд При во 2008 на доделувањето на Tezuka Osamu Cultural Prize и Најдобро манга издание во вкупна категорија во 2008 на доделувањето на Kodansha Manga Award. Па нормално е да се очекува многу и од ова 11 епизодно аниме. И повторно, пред се’ мора да појдете без предрасуди кога го читате сижето на приказната.
Херојот Sawaki има супер моќ да гледа бактерии, фунги и микроби без микроскоп, што во превод би значело дека вреди колку микроскоп од 10 милиони јени. Практично се’ се случува во првата година од неговото запишување на Земјоделски Факултет, каде веднаш стекнува своевидна слава заради својот талент. И тука се раскажува за се’ - правење на саке, ферментација на храна, садење и одгледување на ориз, растење и користење на бактерии. И интересно, на крај заклучувате дека не е таа приказната, туку комплетниот процес на учење и правото на избор што секој од нас би требало да го има за тоа како ќе го живее сопствениот живот.
Beyond the quirky-ness, бев воодушевена од фактот што анимево на толку едноставен начин објаснува научно еден дел од секојдневниот живот воопшто и производството конкретно, притоа разјаснувајќи ја улогата на нашите ситни пријателчиња на сладок и откачен начин. Како на пример на крајот од секоја од 11-те епизоди има нешто вакво:

Сепак спаѓам во оној дел на quirky гледачи, кои сакаат да прочепкаат повеќе зад приказната, па ме заинтересира знамето на факултет кое е практично португалското, со некој агри-културен грб на средината и дојдов до податокот дека од некоја quirky причина, Одделот за агрикултура е практично реплика на истиот од Универзитетот во Коимбра, Португалија.
На крај, фактот што покрај откачената приказна, локацијата на анимево, темпото на одвивање на приказната и хуморот кој исто така спаѓа во дефиницијата на quirky, анимево е дополнето со комплетни и оригинални ликови е уште еден голем плус.
Едноставно не можете да кажете кој повеќе ви се допаѓа:
Sawaki Tadeyasu - уште еден херој низок по раст и дојден во Токио од провинција, со супер моќи, но без особени карактеристични црти, Yuuki Kei - неговиот најдобар другар, син на произведувач на саке, кој постепено го менува hate ставот кон својата феминизираност, откачениот професор Itsuki- кој помалку делува како Јода во својата quirky-ness, неговата садо-мазо агресивна соработничка, Hasegawa - ќерка на хотелиер и секогаш во потрага по вкус поинаков од хотелскиот ,откачениот пар Misato + Kawahama (Брко и Дебели)- постојано во потрага по лесни пари, лесна заработувачка и жени, иако без искуство, а со доволно познавање, Oikawa-која секогаш дезинфицира се’, Mutou - популарна, но премногу откачена алкохоличарка која единствено пие Bombay Sapphire Gin и напуштањето од нејзиното момче си го објаснува со НЛО киднапирање или Aya - симпатичатната и секогаш насмеана cheerleader-ка и шанкерка.
Или сепак сите оние чудни топчиња со очиња и косичка, како репрезенти на микробите - другари на Sawaki. Бирајте! Изборот е одличен :))

We'll Brew Your Time!

23 јуни 2009 г.

Уште една addictive OP theme

Одлична песна за OP на едно потпросечно аниме, ама сепак - game time!


Bump of chicken - Karma

18 јуни 2009 г.

Original spin-off

Најчесто, оценките на едно аниме се највисоки и фамата е најголема во моментот кога ќе биде емитувано. И она пренесувањето од човек на човек, и препораките од типот „мораш да го гледаш“ @.@ (oh, no, not another one). Но, има еден дел чии оценки остануваат секогаш релативно високи, заради некој посебен елемент во анимето, што и покрај сите оние „препораки“, it actually kinda grows on you. Се надевам не сум единствена со ваков сомничав карактер. После уживањето е малку поголемо во серијата. Ама сепак оној кој ми ја препорачал ќе добие само едно "pfff" или „ок беше“ :))))
Во случајов, Full Metal Panic! - конкретно, не добив ваква препорака. Анимето е ОК - кога ќе размислам и не е баш за 8-ка ( не е сега, тогаш кога го гледав ми беше :))) Приказната е за Chidori Kaname, 16 годишна ученичка, која е многу популарна и по некоја мистерија Whispered и клуч за футуристичката „црна технологија“ и Sagara Sousuke, 17 годишен војник во Mithril и пилот на џиновски робот, тотален social misfit, назначен за нејзин телохранител во училиштето.

Во основа она што го прави интересно анимево е целото шетање на серијава, меѓу моментите со насилни борби со футуристичките роботи и неверојатно комичните сцени од школскиот живот на двајцата актери. При тоа мислам на потполното милитаристичко толкување на светот на Sagara Sousuke и користењето на воените искуства во секојдневниот живот. WOW! Buster Keaton и Tom & Jerry во едно.
Minor note: серијава инаку е потполно нереална, кога се во поглед ликовите - сите се толку искусни и семоќни, посебно Sagara и генијалната, тврдоглава и прилично наивна (невина), исто 16-годишна Teletha Testarossa, капетанот на подморницата на Mithril.
А сепак, целата серија е прилично голема франчиза. Започнува со light novel (досега издадени 20), па манга во 4-5 верзии, па аниме верзија која се базира на првите 3 новели, па втор дел, исто така базиран на една новела. И она што последно ме згрози е дека се планира live-action movie - so Zach Ephron во улога на Sousuke (брррр!!!!)

Но делот, од аниме серијата, како spin-off, потполна комедија што всушност е и поентата на воведов од постот е Full Metal Panic? Fumoffu. Додека оригиналната серија е во продукција на акциски ориентираните Gonzo, Fumoffu e продукција на Kyoto Animation, нивно прво дело, а подоцна познати по генијалните комични серии како Air, Clannad, Lucky Star, The Melancholy of Haruhi Suzumiya итн.
Fumoffu е комплетна пародија и во суштина не содржи никаква акција, ако го исклучиме милитантното делување на Sousuke, on school grounds. The point of the intro being - серијава успеав да ја изгледам дури една година откако го гледав оригиналното аниме, кога едно otaku другарче ми рече дека таа е врвот во целиот серија. Но, мене, едноставно, оригиналната серија ми остави посериозен впечаток, по-mecha доживување и првиот впечаток за Fumoffu ми беше - no, no, no.... no school comedy pls. Ама Sousuke повторно ме освои, па на крај серијава доби оценка 9. Во денешни услови, многу сомничаво, нели? :)))