27 јуни 2009

Microbe party everywhere


OP Theme: Sarasa Ifu - Curriculum

Quirky! Совршен збор за опишување на ова аниме. Како ли го замислил некој? Просто неверојатно :)) Доколку сте љубители на нешто потполно невообичаено, откачено и незамисливо во позитивна смисла, дефинитивно Moyashimon е предлог од мене.
Анимево е адаптација на манга која се издава од 2004 година, со голем успех и наградувана со Гранд При во 2008 на доделувањето на Tezuka Osamu Cultural Prize и Најдобро манга издание во вкупна категорија во 2008 на доделувањето на Kodansha Manga Award. Па нормално е да се очекува многу и од ова 11 епизодно аниме. И повторно, пред се’ мора да појдете без предрасуди кога го читате сижето на приказната.
Херојот Sawaki има супер моќ да гледа бактерии, фунги и микроби без микроскоп, што во превод би значело дека вреди колку микроскоп од 10 милиони јени. Практично се’ се случува во првата година од неговото запишување на Земјоделски Факултет, каде веднаш стекнува своевидна слава заради својот талент. И тука се раскажува за се’ - правење на саке, ферментација на храна, садење и одгледување на ориз, растење и користење на бактерии. И интересно, на крај заклучувате дека не е таа приказната, туку комплетниот процес на учење и правото на избор што секој од нас би требало да го има за тоа како ќе го живее сопствениот живот.
Beyond the quirky-ness, бев воодушевена од фактот што анимево на толку едноставен начин објаснува научно еден дел од секојдневниот живот воопшто и производството конкретно, притоа разјаснувајќи ја улогата на нашите ситни пријателчиња на сладок и откачен начин. Како на пример на крајот од секоја од 11-те епизоди има нешто вакво:

Сепак спаѓам во оној дел на quirky гледачи, кои сакаат да прочепкаат повеќе зад приказната, па ме заинтересира знамето на факултет кое е практично португалското, со некој агри-културен грб на средината и дојдов до податокот дека од некоја quirky причина, Одделот за агрикултура е практично реплика на истиот од Универзитетот во Коимбра, Португалија.
На крај, фактот што покрај откачената приказна, локацијата на анимево, темпото на одвивање на приказната и хуморот кој исто така спаѓа во дефиницијата на quirky, анимево е дополнето со комплетни и оригинални ликови е уште еден голем плус.
Едноставно не можете да кажете кој повеќе ви се допаѓа:
Sawaki Tadeyasu - уште еден херој низок по раст и дојден во Токио од провинција, со супер моќи, но без особени карактеристични црти, Yuuki Kei - неговиот најдобар другар, син на произведувач на саке, кој постепено го менува hate ставот кон својата феминизираност, откачениот професор Itsuki- кој помалку делува како Јода во својата quirky-ness, неговата садо-мазо агресивна соработничка, Hasegawa - ќерка на хотелиер и секогаш во потрага по вкус поинаков од хотелскиот ,откачениот пар Misato + Kawahama (Брко и Дебели)- постојано во потрага по лесни пари, лесна заработувачка и жени, иако без искуство, а со доволно познавање, Oikawa-која секогаш дезинфицира се’, Mutou - популарна, но премногу откачена алкохоличарка која единствено пие Bombay Sapphire Gin и напуштањето од нејзиното момче си го објаснува со НЛО киднапирање или Aya - симпатичатната и секогаш насмеана cheerleader-ка и шанкерка.
Или сепак сите оние чудни топчиња со очиња и косичка, како репрезенти на микробите - другари на Sawaki. Бирајте! Изборот е одличен :))

We'll Brew Your Time!

3 коментари:

Цеца во една прилика ќе каже
„хиљаду бацила са две хиљаде крила на мени је веч слетело“.
Покрај таква силна препорака не можам да го оставам негледано анимево :)

Препораката претпоставувам на крилата се однесуваше :)

Хаха , може! На Tsubasa(крила) :)