Некои работи успеваат само во аниме верзија. Некако кога приказната е бајковита и нереална, а ликовите измислени и нацртани и најглупавиот концепт може да помине како успешен. Сеуште не ми е јасно. Колку и да гледам аниме, никако да сфатам што е тоа што ги прави успешни и популарни анимеата како што во случајов е Angel Beats!
Еднаш ги разглабав ангелите и религиските убедувања во чистилиштето >> poljaff_>>manga & anime<<: Чистилиштето. Денес, раскажувам за нешто во кое не можам да најдам никаква логика. Не ми беше ни забавно, па да речам дека не барам логика во забавата. Едноставно ми е непоимливо: зошто Чистилиштето во случајов е едно школо, надвор од него не постои ништо, во него само деца со „нерешени раб оти“, и чувствата, а особено љубовта се забранети до таа мера што во случај на бунтовништво против училишниот ред се појавува Ангел / Tenshi со агресивни и крвави мерки за решавање на проблемите.
Прво, серијата почнува на релативно црно-хумористичен начин - ликовите во него, не главните, туку споредните постојано гинат (на доста крвав и насилен начин), за да оживеат после кратко време „со нови сили во нови победи“. На почетокот анимето имаше потенцијал да раскаже навистина интересна приказна, раскажувајќи низ комични настани, но и болни сеќавања, за претходниот живот на децата и совеста која ги држи овде, каде владеат „нерешените работи“, потиснатите чувства и заборавот. Но потоа се изгуби во детска драма романса, со понекој крвав ефект. Нешто како Haruhi; дури и главиот лик, лидерот на Отпорот - Yurippe премногу потсеќаше на Haruhi. А и сцените на girl-bandот не ми беа сфатливи. Само заради диверзија на Отпорот девојките излегуваа на сцена да пеат? Ама затоа пак, анимацијата и визуелните ефекти на концертите на девојките од бендот беа неверојатно добри!
OP Theme: Lia | My soul, your beats
Уште едно нешто што ме освои повторно беше музиката. Воведната и крајната тема заслужуваат внимание. Некако јасно, ова е уште едно дело на Maeda Jun и студиото Key за визуелни новели, кои стојат зад наслови како Kanon, Air и Clannad, сите со релативно високи оценки и популарност. И во овој дел барем си ја завршиле работата. За споредба со приказната и другите дела на Key незнам да кажам. Не сум фан на school-girl-romance-harem анимеа. Битно ме изгуби анимево и не ми даде надеж дека еден ден ќе седнам и ќе сфатам што е толку добро во Visual Key анимеата.
OP Theme: Lia | My soul, your beats
0 коментари:
Објави коментар