20 јули 2010

Уште една поинаква приказна за Shinsegumi

Морам само на кратко да споменам, меѓу сите чудни наслови што излегоа во последно време, меѓу хорор, мистерии, трчаници и свирки, и училишни саги и слатки девојчиња и параноични ликови, после долго време, повторно некое (донекаде) историско аниме. Додека го чекав нестрпливо вториот дел од комичното Sengoku Basara, ме забавуваше Hakuouki: Shinsengumi Kitan, базирано на истомената игра.

Но и после првата сезона од 12 епизоди, уште немам дефиниран став. Веднаш после зомби војниците и oni-те кои се појавија уште во првата епизода, анимето тргна многу обично и многу рамно. Единствено нешто што се случува, се обидите да (не) се ингорира присуството на жена во нивното живеалиште, како и некои политички игри и одредени вештини со мечеви на воините. Ама и покрај навидум досадното дејствие, некако ве држи во неизвесност обликувајќи ги пополека многуте ликови; најавува дека нешто се спрема. Невината девојка не е ни свесна каде влегла, за постепено да стане клучен играч во приказната која место од историја, како да излегува од приказните кои бабите ги раскажуваат покрај огништето (за вампири и самовили и фрлени клетви). Ме разочара само тоа што речиси ништо не се одлучи, ни до 12-тата епизода и што се одложува се’ во некоја наредна сезона.

Од друга страна, она што повторно мене лично ме воодушевува, исто како и во Sengoku Basara, е поврзаноста и сличноста/различноста на ликовите со вистинските историски личности. За Shinsengumi, специјалната полиција од ронини од Едо периодот, или „Волците од Мибу“ првпат слушнав во Rurouni Kenshin - таму беа негативците на Saito Hajime (the hot general dude, anyone?). А во Gintama, пак, се вистинска пародија од секоја војска/полиција. Овде беа совршен пример на reverse harem самураи.
Искрено, и сето она што е на Wikipedia е малку за читање, а многу за воодушевување - историјата, времето, кодот, казните, Заглавив на сите ликови, и пак незнам да раскажам. Ама повторно, се воодушевив од тоа колку блиску до реалноста се претставени Harada Sanosuke, Hijikata Toshizou, Okita Souji, Saito Hajime, Toudou Heisuke, сите ронини од фракцијата на Kondou Isami. Се наоѓа понешто и за Sannan Keisuke, Inoue Genzaburou, Yamazaki Susumu, Nagakura Shinpachi,но скоро ништо за Itou Kashitarou. Неверојатно, но се споменуваат и Senhime, и докторот Matsumoto Ryoujun. Ако некому не му е мака, нека чита, како што се зачитав јас. Историјата навистина ја пишуваат победниците, но затоа никогаш не е досадна.

0 коментари: