3 јуни 2009 г.

Appleseed 1, 2, 3....

Од рачно-цртаната верзија од 1988 до новата верзија или второто продолжение на Appleseed од 2007, не можам да најдам нешто што би ме навело да ја гледам најавената за иднина 26-епизодна серија. Посебно што сите три приказни до сега се како продолженија на Robocop (после оригиналот, the same old sh*t) - секоја приказна се врти околу „терористите“ кои се обидуваат да го срушат утопискиот свет Олимпус. Во него луѓето, биороидите и сајборзите живеат среќно и мирно заедно...Yeah, right.
Главните ликови се Deunan Knute, оригинален човек, т.е. жена-воин и Briareos Hecatonchires, сајборг воин, ex-human кој го изгубил телото во 3-тата Светска војна. Tие се всушност, професионален и љубовен пар, чија љубов ги надминува границите на физичките разлики. Again, yeah, right.
Иако е некако клише, една работа што мене лично ми се допадна во приказната (ок, освен sci-fi, military, shounen... стилот...стандард) е употребата на митови, легенди и други религии и познати личности во именувањето на ликовите и местата. На пример, Athena (премиерот), Olympus (рајот), Nike (заменикот на Атена), Uranus (генералот на човечките сили), Gaia (како Геа, компјутерот кој се’ одржува во живот), Tartarus (објектот во кој се регенираат биороидите), Hades (полковник, анти-биороид-ист)...

Notice anything different? ^^
Appleseed (OVA), првата аниме верзија на мангата, е 70 минутна оригинална анимација, која со мангата се соединува само по карактери и сетинг. Appleseed (2004) e првата CG анимирана везија, со по малку 2D рендеринг и прераскажана приказна за главните ликови , a нејзиното продолжение Appleseed Ex Machina со уште подобар рендер и фантастична анимација. И уште подосадна приказна. Имате впечаток дека гледате "WOW!" одличен синематик, ама 2 саати синематик...кај е возбудата на играта!!??!!

Прво, да расчистиме - оригиналната видео анимација е рачно цртана, соодветно на техниката на анимирање од минатиот век (Е, ова звучи смешно) - цртежот е класичен, стандарден, ништо посебно.

Верзијата од 2004 - О М G! Ако зборуваме за анимацијата, тешко дека може да се најде замерка во анимацијата на движењата на ликовите - перфекција!!! Околината, механиката, роботиката... без замерки. Ама голем минус на ликовите. Без оглед на тоа колку Deunan изгледа убаво, а Briareos моќно, нема никаква анимација на лицата, ко да гледате во керамички кукли, со онакви големи стаклени очи. Ајде да речеме, соодветно на техниката на анимирање од 2004. Но, всушност, не можеме тоа да го речеме. Animatrix e oд 2003-та!


А продолжениево, иако поработиле повеќе на деталите на лицата, и рендерот е помалку „цртан“, т.е. повеќе е 3D, сепак повторно заостанува зад своите „современици“ во однос на анимацијата на фацијалните изрази (nice one, ay? ^^) Заклучокот е сепак, дека неверојатно реалистично се претставени движењата, во борба, дури и во обично замавнување во лутина - quiet impressive!!! And the concept art-----O M G!!!! Sugoi!!!!!


И, ако немате против, тоа би било тоа, неверојатно импресивна анимација, во однос на бескрајно просечна приказна. Во секое продолжение.... А сепак се планира и серија (???)....

3 коментари:

Ги проследив верзијата од 2004, и Екс Махина (2007ма) . Искрено Кецот ми имаше далеку поголем впечаток, двојкава некако премногу CG Анимации , што искрено не ми се допаѓа.

Well, кажи дали има нешто освен CG во анимеава? Мене ми се допадна ептен CG-то, посебно сум фан на добар concept art, a овде беше врв, искрено. Неисполнета желба при избор на професија ^^

Доро , еве да се доречам , Кецот има идеална количина на CG , Имаше некои цртани позадини, па и ликови . Двојкава се све 3D Модели ..
In addition to нерасправање за вкусови , не можам да одам против твојот избор на професија :)