Благодарејќи на апликацијата за која пишував пред месеци, се изначитав манга. За среќа навистина, зашто сега немам време толку за аниме. Немам време ни да пишувам, па затоа одлучив со овој еден пост да ги разглобам на кратко насловите заради кои доослепев, читајќи во кревет на 3.7 инчното екранче на смартфонот.
Ќе си почнам со ред, како си ги читав годинава. Не се по распоред на некоја ранг листа. Прво да се изјаснам дека сакам да читам манга која нема адаптација во аниме. Сај-фај, мека, стратегија (воена или вселенска) или самураи / боречки вештини - мои фаворити. Се надевам ќе ви се допадне изборот.
1. По ранг листа на МАЛ и со препорака на моите пријатели (т.е. стокирање на нивните профили) ја открив Psyren. Прво што ми беше интересно, што никогаш не бев слушнала за неа, ниту пак некој во моето неколкугодишно читање/гледање манга/аниме ми ја спомнал (кое его, нели). Второ, ме освои уште првото поглавје кое веднаш ве упатува во мрачната игра во Сајрен - со телефонските картички чии импулси се трошат со патување во светот на чудовишни убијци, во кој треба да се преживее до следната телефонска говорница. Има две финти - мораш да се јавиш кога ќе ти ѕвони телефонот од другиот свет и мора да стигнеш до 0 импулси ако сакаш да се излезеш од играта. Тоа е основата. Но, приказната е многу покомлицирана, особено што играта ги надминува границите на времето. Парадоксите на патувањето низ времето практично се потполно анулирани, што ја прави приказната доста логична и ви остава да уживате во нејзиното развивање пропратено со акцијата. Акцијата од своја страна не е толку оригинална, но е многу забавна особено што го прати секогаш популарното сценарио на супер psy моќи. Плус симпатичната доза на романтика, доста солидниот цртеж и не претерано разработените карактери ја прават мангата навистина забавна за читање, што ви е жал што не продолжува понатаму.
Жанрови: акција, авантура, гејм, шонен, супер моќи, психолошка

Книги:16 /Поглавја:45
Статус: Завршена (Издавана:2007 до 2010)
Автор:Iwashiro, Toshiaki
Серијализација:Shounen Jump (Weekly)
Baka Updates:8.5 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.6 / 5.0 /// MAL: 8.26/10.0Моја оценка 7.0/10.0 Образложение: прилично нова манга, па многу елементи се веќе видени
2. Shinigami of the East како хронолошки почеток на приказната на Immortal Rain ми се допадна повеќе од оригиналната приказна. Ја најдов по ранг листата и ја одбрав поради должината и оценката. Приказната е кратка но слатка, и многу послатка од Рејн. Знаете кога читате нешто и кога не се знае позадинската приказна заради која главниот јунак е таков каков што е, и го прави тоа што го прави, и се крие со толкава мистериозност што едвај чекате да ја откриете? Шинигами ја раскажува токму приказната позади врската на главните ликови Рејн и Мачика и многу убаво ја разоткрива мистеријата. Акцијата е присутна, но не е во преден план, како што е во Бессмртниот Рејн. И бидејќи Шинигами е понова, цртежот е позрел и јас искрено повеќе уживав во него. Кога ќе ги споредам двете, Шинигами почнува, трае и завршува, одлично искомпонирано, забавно и комплетно - не и’ треба ништо повеќе, ништо помалку. Бессмртниот Рејн некако не најдобро ја искористува својата бессмртност во 66-те епизоди, а симпатичноста на неговата трапавост опаѓа како што расте „напорноста“ на ликот на Мачика. На моменти повеќе шоџо од акција, доволно забавна да се прочита и дочита, но не и да стане омилена.
Shinigami of the East Жанрови: акција, фантазија, шоџо
Книги: 1/ Поглавја:11
Статус: Завршена (Издавана:2007)
Baka Updates:9.0 / 10.0 /// Manga Helpers: - / 5.0 /// MAL: 8.50/10.0Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: кратко, но слатко
Immortal Rain Жанрови: акција, авантура, комедија, драма, фантазија, шоџо, романса
Книги: 11/Поглавја:66
Статус: Завршена (Издавана:1999 до 2011)
Baka Updates:8.8 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.6 / 5.0 /// MAL: 8.35/10.0
Автор:
Ozaki, Kaori
Серијализација: Wings
Моја оценка 6.0/10.0 Образложение: 66 епизоди во 12 години? секако дека ќе се изгуби авторот по пат3. Нe е манга туку e manhwa (што значи авторот е кореанец и е оригинално напишана на кореански), ама сепак The Breaker и нејзиното продолжение New Waves, се одлични и забавни за читање, особено за фановите на боречките вештини. Приказната е позната - слабиот и често малтретиран средношколец станува наследник на боречката вештина на силниот и таинствениот мајстор, Чун-Ву - Змејот на деветте вештини. Првиот дел е многу возбудлив и многу логично напредува целото дејствие. Си има почеток, развој, кулминација, се’ што треба. Искрено, не ни приметив колку брзо ги првите 72 поглавја. Е сега вториот дел, се’ уште излегува, и искрено, ништо не ми е јасно. Некако премногу го исполитизираа, внесоа премногу нови ликови, фракции, фамилии, босови и поданици, интереси и завери. Да, да, секако дека има акции, но многу е тешко после тоа како заврши првиот дел да се направи продолжението. Авторот искрено се труди, само мене ми е премногу расплината приказната. Моментално се излезени 97 поглавја и не гледам никаков развој, само вртење во круг. Цртежот пак од своја страна, е многу добар, но не толку во диференцијата на многу ликови, колку во акционите сцени.
Автори: Park, Jin-Hwan (Цртеж), Jeon, Geuk-jin (Приказна)
The Breaker Жанрови: акција, боречки вештини, комедија, драма, школо
Книги: 10/ Поглавја: 72
Статус: Завршена (Издавана:2007 до 2010)
Серијализација:
Daiwon
Baka Updates: 8.9 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.72/10.0
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: комплетна манга

The Breaker: New Waves Жанрови: акција, боречки вештини, комедија, драма, школо
Статус: Се’ уште излегува (до сега 97 поглавја) (Почна со излегување: 2010)
Серијализација:
Daum
Baka Updates: 8.8 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.48/10.0
Моја оценка 7.0/10.0 Образложение: ги губи врските со оригиналот, иако многу се труди
4. Бидејќи почнав со добри манги, неизбежна беше Pluto, која ми е срам да кажам, не сум ја читала до сега. Плуто е спин-оф на Tetsuwan Atom, легендарното дело на легендарниот Тезука Осаму. Раскажува детективска приказна за мистеријата позади убиствата на познати луѓе и роботи. Сај-фај-крими-мистерија - нормално дека ќе биде добра манга. Цртежот е специфичен за Урасава (Monster, 20 Century Boys) и можеби не му е секому привлечен, но совршено одговара на целата атмосфера на мангата. Мене ми стана една од омилените на листата на МАЛ. А доколку сакате опис со повеќе спојлери еве го од Макс на јапан@мк блогот
Жанрови: акција, мистерија, сај-фај, сеинен

Книги: 8/ Поглавја: 65
Статус: Завршена (Издавана:2003 до 2009)
Серијализација:
Big Comic Original
Baka Updates: 8.9 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.6 / 5.0 /// MAL: 8.68/10.0
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: возбудлива, паметна, емотивна, скоро па совршена
5. Кога сме веќе кај омилени, добри и сај-фај манги, неизбежна беше и Eden: It's and endless world или Eden (ENDO). Пар елементи што за мене ја прават омилена - оригиналните постапокалиптични визии и фантазии, детално обработените ликови, одличниот развој на приказната од аспект на различните ликови и немањето остри граници помеѓу она што е добро и она што е зло (во зависност од гледиштето на ликот). Како фан на сај-фај жанрот уште од времето на Жил Верн, ги сакам оригиналните шпекулации за иднината, посебно оние кои ги надминуваат границите на (за мене) логичниот развој, па лесно беше мангата да ме освои. На моменти уфрлени се комични елементи, но сериозноста повторно доаѓа во план, штом се вратат гор или секс сцените, а ги има доста. Мал проблем е единствено цртежот и фактот што едноставно не ги разликувате (физички) ликовите.

Жанрови: акција, драма, психолошка, сај-фај, сеинен
Книги: 18/ Поглавја: 127
Статус: Завршена (Издавана:1998 до 2008)
Автор:
Endo, Hiroki
Серијализација:
Afternoon
Baka Updates: 8.7 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.5 / 5.0 /// MAL: 8.51/10.0
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: одлична приказна, малку помалку добар цртеж
6. Нешто што ретко ми се случува а тоа е да читам драми. Но, оценката на МАЛ (иако често не смее да биде референтна, со оглед на огромниот број нару- и блич-тарди) е навистина добра, па некако се нафатив да ја прочитам.Watashitachi no Shiawase na Jikan или Нашето среќно време е адаптација на новела на една од најпознатите јужно-кореански новелистки Гонг Џи-Јонг. Приказната раскажува за зближувањето на два емотивно и физички изолирани ликови - Јури која се обидува да се самоубие три пати безуспешно и Ју кој ја чека смртната казна после тројното убиство. Низ писмата и физичките средби, во минато и во заедничката прегратка ја наоѓаат повторно желбата за живот. Приказната е дури и премногу емотивна, карактерите се повеќедимензионално одлично обработени, а цртежот е навистина добар. Сите карактеристики на добра манга.
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: едноставно не сум фан на драми
7. Во меѓувреме, како го читам Макс, така ги собирам препораките и ја зачитав несамурајската манга Vinland Saga. Јукимура Макото е автор на приказната на едно од моите поомилени анимеа - Planetes, за кое, за жал, не сум пишувала. Но Винланд сага единствено е слично со Планетес во неверојатното запазување на реалноста, историските факти и техничките детали. Поради тоа ова е брутална манга, не само во крвавите сцени, туку и во психолошка смисла, во поглед на градењето на ликовите и градењето на приказната. Премногу реалистично се раскажани политичките настани на единаесеттиот век, освојувањата и пустошењата, односите меѓу мажите и жените, стратегиите, мотивациите и осветите. Како споредба, Game of Thrones во манга, само со не-толку епски димензии. Цртежот е исто така специфичен, добро и детално разработен, и во опишувањето на карактерите, и во акционите сцени. Со еден збор, со мерак ја читам и со нетрпение ја чекам секоја нова епизода
8. Манвата очигледно добро котира, посебно што многу ретко се анимира, па оттаму и мојот понатамошен избор падна на KissWood. Едно нешто што ми беше интригантно е тоа што Naver објавува webcomics, што значи манвата се објавува на веб и е бесплатна за читање во оригинал (на кореански). Хард-кор фан не сака ни да замисли дигитален цртеж, но еве јас (хард-кор фан, нели) дадов/давам шанса на пар изданија, и многу ми се допаѓа. Навистина не делува како манга - прво што е во боја, второ ги нема карактеристиките на мангата (делува прозападно, но сепак доста привлечно).
Приказната исто така е интересна: осамениот градски градинар Сул, страда во пожар и го губи видот. Наеднаш неговиот дух е пренесен во светот на дрвата, на прв поглед идеален утопистички свет, но набрзо ќе се покаже дека овој свет е суров, непријателски и завладеан од тирани. Манвата ги следи авантурите на Сул до разоткривање на тајната и пронаоѓање на излезот од светот. Еден единствен проблем според мене беше надреалноста, што ме изнашета низ приказната и времето и ми требаше малку време и препрочитување за да дојдам до суштината.
Жанрови: авантура, драма, фантазија, сеинен

Жанрови: драма, романса, психолошка, трагедија, парче-од-животот, сеинен
Книги: 1/ Поглавја: 8
Статус: Завршена (Издавана:2007)
Автор: Yumeka, Sumomo
Серијализација: Comic Bunch
Baka Updates: 9.2 / 10.0 /// Manga Helpers: 5.0 / 5.0 /// MAL: 9.11/10.0 Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: едноставно не сум фан на драми
7. Во меѓувреме, како го читам Макс, така ги собирам препораките и ја зачитав несамурајската манга Vinland Saga. Јукимура Макото е автор на приказната на едно од моите поомилени анимеа - Planetes, за кое, за жал, не сум пишувала. Но Винланд сага единствено е слично со Планетес во неверојатното запазување на реалноста, историските факти и техничките детали. Поради тоа ова е брутална манга, не само во крвавите сцени, туку и во психолошка смисла, во поглед на градењето на ликовите и градењето на приказната. Премногу реалистично се раскажани политичките настани на единаесеттиот век, освојувањата и пустошењата, односите меѓу мажите и жените, стратегиите, мотивациите и осветите. Како споредба, Game of Thrones во манга, само со не-толку епски димензии. Цртежот е исто така специфичен, добро и детално разработен, и во опишувањето на карактерите, и во акционите сцени. Со еден збор, со мерак ја читам и со нетрпение ја чекам секоја нова епизода
Жанрови: акција, авантура, драма, историска, сеинен
Статус: Се’ уште излегува (до сега 88 поглавја) (Почна со излегување: 2005)
Автор:
Yukimura, Makoto
Серијализација:
Afternoon
Baka Updates: 9.0 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.74/10.0
Моја оценка 8.0/10.0 Образложение: многу брзо почна, многу споро продолжи, а и стилот на цртежот не ми е најомилен
Моја оценка 8.0/10.0 Образложение: многу брзо почна, многу споро продолжи, а и стилот на цртежот не ми е најомилен
8. Манвата очигледно добро котира, посебно што многу ретко се анимира, па оттаму и мојот понатамошен избор падна на KissWood. Едно нешто што ми беше интригантно е тоа што Naver објавува webcomics, што значи манвата се објавува на веб и е бесплатна за читање во оригинал (на кореански). Хард-кор фан не сака ни да замисли дигитален цртеж, но еве јас (хард-кор фан, нели) дадов/давам шанса на пар изданија, и многу ми се допаѓа. Навистина не делува како манга - прво што е во боја, второ ги нема карактеристиките на мангата (делува прозападно, но сепак доста привлечно).
Приказната исто така е интересна: осамениот градски градинар Сул, страда во пожар и го губи видот. Наеднаш неговиот дух е пренесен во светот на дрвата, на прв поглед идеален утопистички свет, но набрзо ќе се покаже дека овој свет е суров, непријателски и завладеан од тирани. Манвата ги следи авантурите на Сул до разоткривање на тајната и пронаоѓање на излезот од светот. Еден единствен проблем според мене беше надреалноста, што ме изнашета низ приказната и времето и ми требаше малку време и препрочитување за да дојдам до суштината.
Жанрови: авантура, драма, фантазија, сеинен
Книги: 2/ Поглавја: 34
Статус: Завршена (Издавана:2010 до 2011)
Автор:
Ahn, Sung Ho
Серијализација:
Naver
Baka Updates: 8.60 / 10.0 /// Manga Helpers: 5.0 / 5.0 /// MAL: 8.02/10.0
Моја оценка 8.0/10.0 Образложение: приказната иако има конструкција, нема јасна нишка
9. Кога го гледав филмот бев тотално разочарана, па кога ја читав манвата не сфатив дека станува збор за истата приказна. Priest е одличен стрип, манга или не, со западна естетика на цртеж и приказна која комбинира вестерн и хорор жанр. Приказната е класична за падот на свештеникот кој оплакувајќи ја својата сакана, ја продава душата на демонот. Многу религиозно ориентирана, поставувајќи го прашањето за постоењето на Бог, ѓаволот, ангелите и демоните, дејството го води низ се’ уште неосвоениот Див запад, со што додава на суровост и бруталност. Магиските елементи, поврзани со крвавите ритуали се надополнети со остриот како скица цртеж и издолжените тела и ликови. Минималистички цртеж со едноставно раскажана приказна. Мене ми остави многу добар впечаток, само што се разочарав што не можев да ги пронајдам 15тата и 16тата книга, па ми остана незавршена. Кој ги најде нека ми пише, би сакала да си ја дочитам.
Жанрови: акција, мрачна фантазија, хорор, парапсихолошка
10. Понекогаш, за пауза меѓу омилените приказни, читам one-shots. Еднотомни, „едноглави“ изданија, кои знаат да бидам многу забавни или убави како раскази. Love Letter е колекција од 3 приказни од ист мангака, од кои првата, истоимената е навистина многу убава. Базирана на вистинска приказна за камиказе пилот од Втората светска војна, раскажува за социјалната средина и општествените услови во воениот период во Јапонија во средината на минатиот век. Втората приказна е Half&Half, one-shot што подоцна стана и серијализација, но искрено, кога пробав да ја читам, се разочарав. Оригиналниот one-shot е доста подраматичен и трогателен и многу поубаво ја раскажува приказната за момчето и девојчето кои после сообраќајка во која и двајцата учествуваат се вратени во живот, со цел да поминат 7 дена заедно и да одлучат кој од нив ќе умре, а кој ќе продолжи да живее. Третата приказна, Azusa не ја најдов. Нејсе, цртежот е многу нежен и е повеќе шоџо од шонен. Сепак, фино за одмарање понекогаш.
Жанрови: романса, драма, историска, воена
Книги: 1/ Поглавја: 4
Статус: Завршена (Издавана:2007, оригинално Half&Half е објавена 1996)

Книги: 16/ Поглавја: /
Статус: Завршена (Издавана:1998 до 2007)
Автор:
Hyung, Min-Woo
Серијализација: нема (танкобан - независно издание)
Baka Updates:7.81 / 10.0 /// Manga Helpers:4.3 / 5.0 /// MAL: 7.64/10.0
Моја оценка 8.0/10.0 Образложение:премногу западњачка на моменти
Моја оценка 8.0/10.0 Образложение:премногу западњачка на моменти
10. Понекогаш, за пауза меѓу омилените приказни, читам one-shots. Еднотомни, „едноглави“ изданија, кои знаат да бидам многу забавни или убави како раскази. Love Letter е колекција од 3 приказни од ист мангака, од кои првата, истоимената е навистина многу убава. Базирана на вистинска приказна за камиказе пилот од Втората светска војна, раскажува за социјалната средина и општествените услови во воениот период во Јапонија во средината на минатиот век. Втората приказна е Half&Half, one-shot што подоцна стана и серијализација, но искрено, кога пробав да ја читам, се разочарав. Оригиналниот one-shot е доста подраматичен и трогателен и многу поубаво ја раскажува приказната за момчето и девојчето кои после сообраќајка во која и двајцата учествуваат се вратени во живот, со цел да поминат 7 дена заедно и да одлучат кој од нив ќе умре, а кој ќе продолжи да живее. Третата приказна, Azusa не ја најдов. Нејсе, цртежот е многу нежен и е повеќе шоџо од шонен. Сепак, фино за одмарање понекогаш.
Жанрови: романса, драма, историска, воена
Книги: 1/ Поглавја: 4
Статус: Завршена (Издавана:2007, оригинално Half&Half е објавена 1996)
Автор:
Seo, Kouji
(постов продолжува во дел 2.)
Baka Updates:7.70 / 10.0 /// Manga Helpers:4.5 / 5.0 /// MAL: 7.85/10.0
Моја оценка 7.0/10.0 Образложение: понекогаш очекувам заради должината приказните да се генијални, а оваа не беше
Моја оценка 7.0/10.0 Образложение: понекогаш очекувам заради должината приказните да се генијални, а оваа не беше
(постов продолжува во дел 2.)
1 коментари:
Не можам многу да ти влечам паралели ама се слагаме за Eden и Pluto . Единствено Pluto на моменти ме нервираше дека протагонистот ја губи мотивацијата/вољата а 100 и кусур чаптери се пренемага и копнее да направи нешто ... (не сакам да спојлам)
Од другите ме инспирира да го глеам Priest. Исто разочаран од филмот сакам да видам како е во мангата.
А, да , the obligatory welcome back!
Објави коментар