Многу ретко давам шанса на некое slice of life аниме, мислам дека и порано сум споменала. Па уште и ако спаѓа во жанрот на school... пфф, не е за мене, дефинитивно. Претпоставувам ова аниме, кое не ниту Haruhi, нити Beck, нити Lucky Star, го изгледав испровоцирана од постот на Japanator's Top 50 of the Decade. Едноставно кога местото број 1 го делат K-On! и FLCL, кои неможев да ги спојам, и кога образложението за тоа е "Surely you didn't think I was serious, did you?"
Уф, ама сум лесна за провокација, признавам. Ама тоа и не е така лоша особина. Полошо би било да речев „Ова С**ње нема шанси да го гледам, никогаш“ што го прават многу мои помлади колеги. Никогаш не вели никогаш, и дозволи да бидеш изненаден.
Поентата на изненадувањето, конечно, е забава. Иако, анимево е толку перфектно направено да биде голем маркетиншки успех, просто неверојатно. Девојчињата се претерано слатки, се’ е фино, убаво, нежно, MOE (a.k.a. japanese cuteness) written all over it. Плус, свират инструменти, пеат „смешна“ јапонска поп музика (K-on, скратено од keiongaku - "light music", т.е. јапонски израз за поп музика), одлична причина за издавање на големо-тиражен саундтрак и милион ситни specials на a-must-buy BD edition. И, секако, втора сезона. Плус, верувам дека има толкав fan base и следствено толку колекционерски предмети и cosplay желби - уф!
Всушност, совршен опис како што прочитав некаде би бил "A big pile of Moe". Точка.
Поентата на приказната, односно постов, пак, е што анимево е совршено, навистина - во смисла, совршено склопено за својата цел и својата таргет група. Немав апсолутно ниедна забелешка, ни за анимацијата и цртежот, ни за музиката, ни за актерите, нити пак за ликовите и дијалозите и хуморот. А на крај ни за приказната, која скоро и да нема врска со реалниот свет на средношколците. Значи ако сте расположени за cuteness overload...feel free to try it. За прв пат во животот и јас бев.
Уф, ама сум лесна за провокација, признавам. Ама тоа и не е така лоша особина. Полошо би било да речев „Ова С**ње нема шанси да го гледам, никогаш“ што го прават многу мои помлади колеги. Никогаш не вели никогаш, и дозволи да бидеш изненаден.
Всушност, совршен опис како што прочитав некаде би бил "A big pile of Moe". Точка.
OP Theme
0 коментари:
Објави коментар