Кога беше најавено анимето
First Squad: The Moment of Truth, го постирав трејлерот
овдека. И очекував нешто посебно после сите japanimations и chinanimations, и понекое аниме од кореанска продукција, да видам нешто што спаѓа во категоријата на јапонска анимација, а е такво потсетување на руските цртани филмови. Ако успеете да го изигнорирате фактот дека ликовите зборуваат на руски, јасно ви е дека ова е сепак аниме, по цртежот, по акцијата, по збунувачката приказна. Всушност, што друго би се очекувало од
Studio 4oC. Анимето е режирано од
Yoshihari Ashino, напишано и продуцирано од
Миша Шприц и
Аљоша Климов, а дизајнот на ликовите и анимацијата е дело на
Hirofumi Nakata.
Приказната е интересен бленд на реална сторија од Втората Светска Војна, сведоштва на воени ветерани, историчари и психолози, митови и легенди, фантазија. Вистината е дека никогаш не се знае точно што се случило на ниедно воено поле. Секој што е вклучен, секоја страна има своја вистина. Секогаш постојат легенди, за тајни оддели, за тајни испитувања и натприродни случувања кои се граничат со чуда. Секогаш постојат претпоставки дека позади она што е видливо се кријат многу мистерии. И дека можеби подобро да останат скриени.
Приказната има потенцијал, но раскажана е конфузно, и бавно се собираат парчињата, иако трае само 1 час. Моментите на сведоштва на живите луѓе се уфрлени некако без ред и случајно и само придонесуваат за конфузијата. Анимацијата е беспрекорна, звукот е сосема прикладен, но на ликовите им е посеветено премалку внимание. И покрај временската рамка. За жал, не беше ни одблиску возбудливо, ниту пак ги достигна очекувањата ветени во трејлерот.
Сепак, интересно е да се замисли, дека после таквата, релативна, историска нетрпеливост помеѓу Русија и Јапонија дека може да израсне ваква интересна комбинација. Јас искрено се надевам на повеќе, глобализацијата во аниме индустријата и не е така страшна, особено што вака придонесува за разбирање на културите и бришење на „гревовите“ од минатото.
0 коментари:
Објави коментар