Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

27 јуни 2009

Microbe party everywhere


OP Theme: Sarasa Ifu - Curriculum

Quirky! Совршен збор за опишување на ова аниме. Како ли го замислил некој? Просто неверојатно :)) Доколку сте љубители на нешто потполно невообичаено, откачено и незамисливо во позитивна смисла, дефинитивно Moyashimon е предлог од мене.
Анимево е адаптација на манга која се издава од 2004 година, со голем успех и наградувана со Гранд При во 2008 на доделувањето на Tezuka Osamu Cultural Prize и Најдобро манга издание во вкупна категорија во 2008 на доделувањето на Kodansha Manga Award. Па нормално е да се очекува многу и од ова 11 епизодно аниме. И повторно, пред се’ мора да појдете без предрасуди кога го читате сижето на приказната.
Херојот Sawaki има супер моќ да гледа бактерии, фунги и микроби без микроскоп, што во превод би значело дека вреди колку микроскоп од 10 милиони јени. Практично се’ се случува во првата година од неговото запишување на Земјоделски Факултет, каде веднаш стекнува своевидна слава заради својот талент. И тука се раскажува за се’ - правење на саке, ферментација на храна, садење и одгледување на ориз, растење и користење на бактерии. И интересно, на крај заклучувате дека не е таа приказната, туку комплетниот процес на учење и правото на избор што секој од нас би требало да го има за тоа како ќе го живее сопствениот живот.
Beyond the quirky-ness, бев воодушевена од фактот што анимево на толку едноставен начин објаснува научно еден дел од секојдневниот живот воопшто и производството конкретно, притоа разјаснувајќи ја улогата на нашите ситни пријателчиња на сладок и откачен начин. Како на пример на крајот од секоја од 11-те епизоди има нешто вакво:

Сепак спаѓам во оној дел на quirky гледачи, кои сакаат да прочепкаат повеќе зад приказната, па ме заинтересира знамето на факултет кое е практично португалското, со некој агри-културен грб на средината и дојдов до податокот дека од некоја quirky причина, Одделот за агрикултура е практично реплика на истиот од Универзитетот во Коимбра, Португалија.
На крај, фактот што покрај откачената приказна, локацијата на анимево, темпото на одвивање на приказната и хуморот кој исто така спаѓа во дефиницијата на quirky, анимево е дополнето со комплетни и оригинални ликови е уште еден голем плус.
Едноставно не можете да кажете кој повеќе ви се допаѓа:
Sawaki Tadeyasu - уште еден херој низок по раст и дојден во Токио од провинција, со супер моќи, но без особени карактеристични црти, Yuuki Kei - неговиот најдобар другар, син на произведувач на саке, кој постепено го менува hate ставот кон својата феминизираност, откачениот професор Itsuki- кој помалку делува како Јода во својата quirky-ness, неговата садо-мазо агресивна соработничка, Hasegawa - ќерка на хотелиер и секогаш во потрага по вкус поинаков од хотелскиот ,откачениот пар Misato + Kawahama (Брко и Дебели)- постојано во потрага по лесни пари, лесна заработувачка и жени, иако без искуство, а со доволно познавање, Oikawa-која секогаш дезинфицира се’, Mutou - популарна, но премногу откачена алкохоличарка која единствено пие Bombay Sapphire Gin и напуштањето од нејзиното момче си го објаснува со НЛО киднапирање или Aya - симпатичатната и секогаш насмеана cheerleader-ка и шанкерка.
Или сепак сите оние чудни топчиња со очиња и косичка, како репрезенти на микробите - другари на Sawaki. Бирајте! Изборот е одличен :))

We'll Brew Your Time!

23 јуни 2009

Уште една addictive OP theme

Одлична песна за OP на едно потпросечно аниме, ама сепак - game time!


Bump of chicken - Karma

18 јуни 2009

Original spin-off

Најчесто, оценките на едно аниме се највисоки и фамата е најголема во моментот кога ќе биде емитувано. И она пренесувањето од човек на човек, и препораките од типот „мораш да го гледаш“ @.@ (oh, no, not another one). Но, има еден дел чии оценки остануваат секогаш релативно високи, заради некој посебен елемент во анимето, што и покрај сите оние „препораки“, it actually kinda grows on you. Се надевам не сум единствена со ваков сомничав карактер. После уживањето е малку поголемо во серијата. Ама сепак оној кој ми ја препорачал ќе добие само едно "pfff" или „ок беше“ :))))
Во случајов, Full Metal Panic! - конкретно, не добив ваква препорака. Анимето е ОК - кога ќе размислам и не е баш за 8-ка ( не е сега, тогаш кога го гледав ми беше :))) Приказната е за Chidori Kaname, 16 годишна ученичка, која е многу популарна и по некоја мистерија Whispered и клуч за футуристичката „црна технологија“ и Sagara Sousuke, 17 годишен војник во Mithril и пилот на џиновски робот, тотален social misfit, назначен за нејзин телохранител во училиштето.

Во основа она што го прави интересно анимево е целото шетање на серијава, меѓу моментите со насилни борби со футуристичките роботи и неверојатно комичните сцени од школскиот живот на двајцата актери. При тоа мислам на потполното милитаристичко толкување на светот на Sagara Sousuke и користењето на воените искуства во секојдневниот живот. WOW! Buster Keaton и Tom & Jerry во едно.
Minor note: серијава инаку е потполно нереална, кога се во поглед ликовите - сите се толку искусни и семоќни, посебно Sagara и генијалната, тврдоглава и прилично наивна (невина), исто 16-годишна Teletha Testarossa, капетанот на подморницата на Mithril.
А сепак, целата серија е прилично голема франчиза. Започнува со light novel (досега издадени 20), па манга во 4-5 верзии, па аниме верзија која се базира на првите 3 новели, па втор дел, исто така базиран на една новела. И она што последно ме згрози е дека се планира live-action movie - so Zach Ephron во улога на Sousuke (брррр!!!!)

Но делот, од аниме серијата, како spin-off, потполна комедија што всушност е и поентата на воведов од постот е Full Metal Panic? Fumoffu. Додека оригиналната серија е во продукција на акциски ориентираните Gonzo, Fumoffu e продукција на Kyoto Animation, нивно прво дело, а подоцна познати по генијалните комични серии како Air, Clannad, Lucky Star, The Melancholy of Haruhi Suzumiya итн.
Fumoffu е комплетна пародија и во суштина не содржи никаква акција, ако го исклучиме милитантното делување на Sousuke, on school grounds. The point of the intro being - серијава успеав да ја изгледам дури една година откако го гледав оригиналното аниме, кога едно otaku другарче ми рече дека таа е врвот во целиот серија. Но, мене, едноставно, оригиналната серија ми остави посериозен впечаток, по-mecha доживување и првиот впечаток за Fumoffu ми беше - no, no, no.... no school comedy pls. Ама Sousuke повторно ме освои, па на крај серијава доби оценка 9. Во денешни услови, многу сомничаво, нели? :)))

16 јуни 2009

Poku

Murakami Takeshi е современ јапонски уметник, кој работи како сликар и дигитален артист кога станува збор за изработка на реклами.
Како уметник од поп стилот, користејќи ја популарноста на јапонската манга и анимација, успеал да создаде сопствен стил наречен Superflat и да го продаде на оној кој најмногу ќе понуди. Во овој случај Louis Vitton. Стилот се базира на новата култура настаната со соединување на поп и отаку културата, наречена Poku (pop+otaku)


Прогласен е за еден од 100-те највлијателни луѓе на денешницата, со изложби во најголемите и најзначајните музеи низ цел свет и достапен со својот стил на сите пазари - од слики и скулптури, преку mouse-pads и привезоци за клучеви до чанти од 5000$ за Louis Vitton.


Првиот заеднички спот - Monogram


Во чест на 6 годишната соработка - First Love


На ова некој сигурно се сеќава ^^

One More Time, One More Chance

Понекогаш е добро да се купи оригиналното ДВД од некое аниме, редовно има некој специјален додаток, eye/ear candy како ова.


Со извадоци од анимето 5 минутен спот на Masayoshi Yamazaki

15 јуни 2009

Learning japanese history

Како момциве од Capcom да седнале и да разговарале, како да ја пренесат борбата меѓу завојуваните држави во Јапонија, за време на Sengoku jidai. И како да се одлучувале што е комерцијално интересно, што е привлечно за секого, а што може да излезе поучно. Од она што го прочитав во интервју со еден од творците е дека јапонската верзија на играта е практично точно врзана за историјата. Дури и односите помеѓу ликовите се точно прикажани. Фантазијата е повеќе вклучена во претставувањето на ликовите. И нормално, требало да се даде некаква игривост на карактерите и посебни карактеристики и моќи. Па ќе се обидам да бидам без предрасуди и повторно ќе тргнам од идеата дека анимево се базира на игра.
Она што во почетокот ме смееше во анимево, сега ме смее уште повеќе :) Замислете односот на Takeda и Yukimura да е реално претставен. Многу се смешни кога лице в лице се довикуваат по име секој покажувајќи ја својата почит и верба во другиот.

Но од друга страна многу ми се допадна начинот на кој ги разглобуваат нападите и борбите со тактиките и мапите. Учите нешто и за стратегиите на војната. Нешто тоа ми се врти во глава последно време. И аналитичкото раскажување за воените размислувања и создавањето на постојани или привремени сојузи (за победување на еден непријател со помош на друг, привремено сојузник - Takeda и Date, Takeda и Uesugi, Takeda и Tokugawa, Maeda и Uesugi).

Интересен е и фактот што доста реално го прикажуваат и користењето на жените (сестри, ќерки) во стратешки цели, преку брак со други држави и нивно шпиунирање со цел за освојување на тие други држави. - Oda Nobunaga и неговата сестра Oichi, мажена за големиот daimyo Azai Nagamasa

И таман почнав да ги споредувам ликовите од играта и анимето со вистинските ликови од историјата, сфатив дека има и уште две продолженија на играта Sengoku Basara 2 и Sengoku Basara 2 Heroes, со уште ликови, кои се појавуваат во втората половина од анимето. И сфатив дека имам многу, многу за читање. A навистина, неверојатно многу ми се допаѓа историската референца, без оглед на тоа колку и како е искористена во анимето.

И сеуште многу, многу ми се допаѓа цртежот, анимацијата и гласовите нa seiyuu-ата :))

Моментално трагам по историски податоци, или барем „тривиа“ поврзана со историјата. Во меѓувреме на wiki - Луѓето од Sengoku периодот во популарната култура (манга, аниме и видео игри) - иако генерално се базираат на тривиа, сепак интересно за читање.

12 јуни 2009

Infinite space

Од аспект на аниме, Infinite space е 4-епизодна ОNA за промоција на игра од SEGA за Nintendo која во Јапонија излезе вчера, 11 јуни 2009 година, а интернационалната верзија се најавува за во иднина. Анимето е само извадоци, како синематици за она што е дел од приказната во играта. Она што мене ме привлече беше податокот дека наводно се базира на "Childhood's End" на Arthur C. Clarke, една од моите омилени sci-fi книги.
Допрва треба да ги видиме оценките за играта која во суштина е sci-fi RPG, во која креирате и контролирате свој брод и се борите во real-time во две различни вселени. Некако, целта и како во книгата, иако очигледно немаат многу заеднички точки, е да ја откриете улогата на човештвото во Вселената.

Ова не е анимето, ова е trailer за играта и game-play-от

Иако не сум некој гејмер и нема да чекам оценки за играва, и нема ни да ја играм очигледно, сепак, многу ми се допаѓа начинот на маркетинг преку аниме. Иако не е нешто прво и оригинално. Ликовите во играта се 2D и аниме, што исто е привлечно за многумина, барем од оние јас што ги познавам.
Промотивните видеа беа презентирани на Game Show-a во Токио, а и на официјалниот сајт, а можат да се најдат во RAW верзија на YouTube и sub-овани и по торенти oд DATS - вкупно 10 минути мошне интересна анимација.

P.S. Има нешто епско, што помалку потсеќа на Star Wars. Барем во музиката. ^^

11 јуни 2009

Совршена атмосфера

Еве пример на еден неверојатно добар интернационален саундтрак на едно одлично аниме. За комплетната музика се погрижи генијалната Kanno Yoko, а вокалите се снимени и ги исполнуваат артисти од Јапонија, Бразил, Полска, Италија и САД. Особено инструменталните дела успеваат да доловат чувство на тага и загуба и се вклопуваат совршено во мрачната атмосфера на приказната. Прекрасен додаток кон емоционалното доживување на анимето.


The OP theme - "Stray" by Steve Conte


The ED theme - "Gravity" by Yoko Kanno


The ep 26 ED theme - "Tell me what the rain knows" by Maaya Sakamoto

10 јуни 2009

The crossed destinies part 1

Некако констатација е дека она што си го гледал или читал прво, тоа ти е омилено нешто. За мене, прво аниме што го загледав беше Tsubasa Chronicles, па соодветно, сум го рејтирала високо, иако не верувам дека ако го гледам пак, повторно би му дала толку висока оценка. После повеќе од година и пол интензивно гледање и повеќе од 200 гледани наслови ми се под-изоштрило критичарското (или критизерското) око, па 9-ки и 10-ки не „фрчат“ така лесно. Сепак, анимево сеуште ми останува како нејасна дамка и потсетување на што се’ би требало да погледнам за да ја разбистрам приказната.Приказната и не е нешто оригинално, но, и скоро сите ликови кои се вклучени, интересно, не се оригинални, туку ликови од веќе објавени манги и анимеа на славната четворка автор(к)и CLAMP. После нивно толкаво искуство со ликови во мангите како Tokyo Babylon и X, RG Veda, Magic Knight Rayearth, Kobato, Clover, Wish, CLAMP School Detectives, Angelic Layer, Carcaptor Sakura, Chobits, Mouryo no Hako, xxxHolic i Tsubasa Chronicles, логично е мислам нивната генијалност да биде искористена во изградбата на карактерите на Code Geass. Но, за тоа друг пат.
Главните ликови Syaoran и Sakura се ликови од Cardcaptor Sakura, но овој пат тие се повозрасни и со посериозна мисија. Kinamoto Touya и Fujitaka и овде се брат и татко на Sakura, принцот и кралот на царството Clow. Дури се појавува и Clow Reed - неверојатно моќниот маѓепсник. Принцезата Tomoyo од Tsubasa Chronicles (онаа во која е заљубен Kurogane - original BTW) е исто Tomoyo од Cardcaptor Sakura, овде малку порасната. Oд оваа серија е и Tsukishiro Yukito, и овде во функција на пријател на Touya, а дури се појавува и Keroberos. :)))
Sakura, Syaoran и Tomoyo се појавуваат и во xxxHolic како споредни ликови.

Ѕвездата од xxxHolic пак, Ichihara Yuuko (тоа мора да излезе некој посебен пост, заслужува), the witch of the dimensions, се појавува во потполно исто светло, служена од Watanuki Kimihiro и со црната Mokona до себе.

Дури и споредните ликови:
Chii, која овде е партнерка на Fai (also original, BTW), Kotoko и Sumomo (сега во џиновска, наместо во минијатурна верзија) се persocom-и од Chobits. Дури се појавува и газдарицата на Hideki - Chitose.
Мене омилениот пар Arisugawa Sorata и Kishu Arashi, кои повеќе пати се појавуваат, секогаш вљубени, се ликови од X. И учителот на Syaoran, неверојатно интригантниот Sakurazuka Seishirou, кого едвај чекате пак да се појави е лик од Tokyo Babylon и X. Дури и моќниот Asagi Shogo и Nekoi Yuzuriha и кучето Inuki, се ликови од X. Со кратки улоги во Тsubasa Chronicles: Tokyo Revelations, се појавува практично целата екипа на X, Sumeragi Subaru, како еден од вампирите-близнаци и харизматичниот Shirou Kamui, и уште Fuuma, Nataku, Seiichiro, Yuto, Satsuki и Kakyo - the dragons of Earth

Akira, Suoh и Nokoru се споредни ликови од X и Tsubasa Chronicles, но главни ликови во CLAMP Gakuen Tanteidan.
Божествата Ashura и Yasha-ou, Богот Ashura-ou од кого цело време бега Fai и Karura-ou, како и game character-от Ryuu-ou сите се ликови од RG Veda.
Попатните ликови на Принцезата Emeraude (овде Esmeralda), Caldina, Primera се ликови од Magic Knight Rayearth
Дури и Oruha од мангата Clover и овде се појавува со прекрасен глас.
Се надевам само дека не пропуштив нешто :)))
Се уморив искрено, 2 саати го пишував постов. Што се однесува до мене, не мора ни да го читате, сепак е за мој ќеиф :))
А што се однесува до ликовите here's a little piece of candy for all you CLAMP fans ^_^